Договор меѓу детската болница Детето Исус и Ватикан

Општо е задоволството поради договорот меѓу детската болница Детето Исус (Бамбино Џезу) и управата на градот држава Ватикан со кој се овозможи на болничките хеликоптери за брза помош да слетуваат на ватиканскиот хелиодром.

Папата ја покажа својата радост зашто од договорот најголема корист ќе имаат децата.

Осврнувајќи се на споменатиот договор, во разговор за Радио Ватикан, Масимилијано Рампони, директор на болницата, рече дека ова за нив е многу голема прилика со која во педијатриската итност на малите пациенти ќе може да им се загарантира она што е најдобро, исто така и за болницата која обавува една многу сложена дејност, а ја извршува во структура која на национално ниво одговара на барањата за брза помош и пресадувањето на сите органи и ткива, истакна директорот.

Ова, исто така е шанса да се влезе во покраинската мрежа на брзата помош, а во некои случаи и надвор од покраината Лацио. За нас е многу важно на повик секогаш да можеме да одговориме веднаш, а тоа ќе биде можно благодарение на близината на болницата и Ватикан. За овој договор е заслужен Доменико Џани, главен инспектор на Ватиканската жандермерија, на кого му благодариме за неговата чувствителност и близина со нашите пациенти, истакна докторот.

РВ/В.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан

За авторот