Папата го одобри декретот за јуначките крепости на Иван Павле I

Папата го одобри декретот за јуначките крепости на Иван Павле I

Папата Иван Павле I, роден како Албино Лучијани, познат под прекарот „насмеаниот Папа“, е чекор поблиско до канонизацијата.

Имено, папата Фрањо на 8 ноември 2017 година попладне во аудиенција го прими кардинал Анџело Амато, префект на Конгрегацијата за прогласување на светци и таа ватиканска дикастерија ја овласти да објави декрет за јуначките крепости на својот претходник, кој од сега може да се нарекува чесен слуга Божји Иван Павле Први.

Додаваме дека на триесет и тридневниот Папата веќе му се препишуваат две чуда, а ако се потврди барем едно, ќе биде прогласен за блажен.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот