Книга на епископот Стојанов: Црквата во служба на човекот

„Црквата во служба на човекот“ е насловот на книгата на Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, која неодамна излезе од печат. Оваа богата духовна литература претставува збир на предавања и размислувања, кои бискупот Стојанов ги одржа на настани поврзани со Година на семејството 2014/2015 и Година на посветениот живот 2015 година. Издавач е ДГУП „Софија“ Богданци, а рецензент о. д-р Зоран И. Стојанов.

Книгата „ Ц4050_1рквата во служба на човекот“ е составена од два дела. Во првиот дел се пастирски писма и насоки во пресрет на вонредната и редовната Епископска синода во Рим 2014 и 2015 година. Во нив темелно се обработуваат размислувања за пасторалот со семејствата како основна клетка на човечкото општество. Преку молитви, размислувања, предавања и богослужби е направен обид на примерен начин темите на тие две синоди да бидат овоплотени во нашата месна Црква.

Вториот дел од книгата е одговор на темата на Бога посветениот живот што е одреден по повод од 500 годишнината од раѓањето на една од најголемите монахињи света Тереза Авилска, научителка на Црквата. Размислувањата и средбите се посебно богатство не само за лицата посветени на Бог, туку и за секој верник, бидејќи подобро ќе можат да ги запознаат лицата кои својот живот му го посветуваат на Бога, како и поединечните харизми, кои се во Црквата како дар од Светиот Дух.

Оваа вредна духовна литература, која е напишана со огромна пастирска љубов, може да се набави во сите цркви на Скопска бискупија и Апостолскиот егзархат во Македонија.

к.мк/го*ко

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Македонија

За авторот