Духовна обнова за свештениците од Апостолскиот егзархат во Македонија

На 30 декември во просториите на Катедралната црква „Успение на Пресвета Богородица“ – Струмица се одржа духовна обнова за свештениците од Апостолскиот егзархат во Македонија. Покрај присутните свештеници, на духовната обнова присуствуваше и Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Македонија. Отец Тони Ангелов во своето предавање говореше за улогата и важноста на семејството. На крајот од предавањето следуваше плодна дискусија, а заврши со света Исповед и света Литургија.

го*ко

Категорија: Македонија

За авторот