Фондацијата Gravissimum Educationis ја основав прифаќајки го повикот на Конгрегацијата за католичко воспитување на 28 октомври 2015 година, по повод 50. годишнина од декларацијата на Вториот ватикански собор Gravissimum Educationis – рече папата Фрањо примајќи ги во понеделник 25 јуни 2018 година членовите на фондацијата Gravissimum Educationis. Со оваа фондација Црквата го обновува своето ангажирање за католичкото воспитување, држејќи чекор со историските промени во нашето време. Фондацијата го прифаќа барањето, кое веќе се наоѓа во соборската декларација, од каде го презема и името, а која предлага соработка помеѓу училиштата и универзитетите како подобро би се соочиле со предизивиците со кои се среќаваме.
Таа соборска препорака во меѓувреме созреа и се гледа и од неодамнешната Апостолска конституција Veritatis Gaudium, за црковните универзитети и факултети како „итна потреба да се создаде мрежа меѓу различните институции, кои насекаде во светот, ќе негуваат и промовираат црковни студии, па и во поширока смисла меѓу католичките образовни институции. Само со промена на образованието може да се промени и светот.
Предизвикиците со кои се среќава денешнот човек се глобални во поширока смисла, повеќе отколку што често се мисли – рече Папата и додаде: Католичкото образование не ги ограничува обликувањата на умовите за широк поглед кој е способен да ги вклучи и најоддалечените реалности. Со него се мисли освен ширење во просторот и моралната одговорност на денешниот човек да се шири и низ времето, и денешните одлуки да влијаат на идните генрации.
Во вашата работа не може да недостасува општото добро како цел – додаде Светиот Отец и нагласи: Општото добор е тешко да се дефинира во нашето општество кое е одбележано со соживот на граѓани, групи и народи од различни култури, традиции и вери. Поради тоа мораме да го прошириме видикот за општото добор, сите да се воспитуваат како припадници на едно човечко семејство.
За да ја исполните својата мисија поставете ги темелите во доследноста на христијанскиот идентитет; подгответе средства кои одговараат на квалитетот за проучување и истражување; следете ги целите во склад со служењето за општо одбор – рече на крајот Папата.
РВ/к.мк