Папата Фрањо во пораката за Светскиот ден на болните: Да не ги заборавиме болните

Зборовите од Книгата Јов „Јас бев очи на слепиот и нозе на хромиот“ погледнати низ призмата на мудроста на срцето (sapientia cordis) се во центарот на пораката на Папата за XXIII Светски ден на болните, кој ќе се прослави на 11 февруари 2015 година. Прво „мудроста на срцето не е теоретско, апстрактно знаење, резултат на заклучоци“, истакна во пораката Папата, туку „начин на гледање на работите исполнет со Светиот Дух“, кој припаѓа на оние кои се „чувствителни на страдањата на браќата и сестрите и кои во нив можат да ја видат сликата Божја.“

Второ, „Мудроста на срцето значи да служиш на нашите браќа и сестри, продолжи Светиот Отец, потсетувајќи на помошта на која Јов – човек со голем авторитет и углед – која ја пружел на оние кои се во потреба. И денес бројни се христијаните „очи на слепиот“, „нозе на хромиот“, така што се блиски до болните на кои им е потребна постојана помош во перење, облекување и хранење – истакна папата Фрањо и рече: „Релативно е лесно некому да му се помага неколку дена, но тешко е со месеци или дури и години да се грижиш за човек кој во некои тешки случаи повеќе не може ниту да изрази благодарност. Сепак, тоа е голем пат на посветување! Во тие тешки моменти можеме на посебен начин да се потпреме на близината Господова и да станеме посебни средства на поддршка во посланието на Црквата“, рече Папата.

На трето место, „мудроста на срцето значи да бидеме со нашите браќа и сестри. Времето поминато со болните е свето време. Тоа е начин на славење на Бог Кој нè сообразува на сликата на Својот Син Кој не дојде за да Му служат туку да служи“, истакна Светиот Отец, молејќи за милост да знаеме да го цениме времето поминато со болните браќа и сестри. „Како, од друга страна е голема лага која се сокрива зад изразот кој инсистира на важноста на „квалитетот на животот“ која ги наведува на луѓето да поверуваат дека животите погодени со тешки болести не се достојни за живеење“, предупреди Папата.

Како четврта точка папата Фрањо ја истакна: „Мудроста на срцето значи да излеземе од самите себе и да одиме кон браќата и сестрите.“ Понекогаш зафатени во напливот на работа и произведување, забораваме на бесплатното себедарување и особено вредноста на времето поминато со болните. Од таквиот став често се крие млаката вера која заборавила на Господовите зборови: „Мене сте ми го направиле“ – смета Папата.

На петто место, „Мудроста на срцето значи да искажуваш солидарност со браќата и сестрите, не судејќи им.“ На љубовта и треба време за да биде со другиот; како пријателот на Јов, но не со осуда во срцето како што ја имале тие. „Вистинската љубов не осудува; не бара обраќање на другиот; слободна е од лажната понизност која во длабочината бара пофалба и задоволна е со било кое добро што ќе се направи,“ рече папата Фрањо објаснувајќи дека искуството на страдањето на Јов пронаоѓа вистински одговор во Исусовиот крст, „најголемиот чин на Божјата солидарност со нас, потполно слободни и богати со милосрдие.“ Патниците кои со вера го прифаќаат своето трпење можат да станат живи сведоци на верата, способни да го прегрнат страдањето, дури и кога не го разбираат нејзиното полно значање – додаде Светиот Отец, доверувајќи го Светскиот ден на болните на мајчинската заштита на Марија и поделувајќи го на крајот својот апостолски благослов.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот