Католиците и православните заеднички се заземаат за мир

Католиците и православните заеднички се заземаат за мир

„Заедничката поддршка на христијаните на Блискиот Исток ќе помогне на повисоко ниво да се зајакнат односите меѓу Католичката и Православната Црква”. Ова го истакна патријархот на Москва на цела Русија, Кирил, за време на средбата со државниот секретар на Ватикан, кардинал Пиетро Паролин, која се одржа во доцните попладневни часови на 22 август 2017 година во патријаршиската резиденција во манастирот свети Данаил во Москва.

„Нашата Црква има активна улога во дистрибуција на хуманитарна помош за жртвите од конфликтот во Сирија и останатите држави од Блискиот Исток. Во овој случај, многу е важно да се потпреме на поголема поддршка од целиот христијански свет. Сметам дека меѓусебните односи меѓу Православната и Католичката црква за обезбедување хуманитарната помош во Блискиот Исток, ќе биде многу важен фактор за обединување. Сличните позиции ни дава можност да развиеме заеднички и конкретни планови во оваа насока”, рече патријархот Кирил.

Духовниот водач на Руската православна црква потсети дека во 2016 година започна со активности заедничката работна група за доставување на хуманитарна помош и изрази надеж дека оваа заедничка активност ќе продолжи да дава поттик за нови проекти за помош на христијаните од блискоисточниот регион. „Мислам дека со развојот на соработката во оваа сфера, можеме да ги поставиме основите за два заеднички проекти поврзани со егзистенцијата на страдалниците од воените конфликти на Блискиот Исток”, истакна Патријархот.

За време на состанокот, претставниците на двете христијански цркви, исто така, разговараа за ситуацијата во Украина. Според Патријархот Кирил, Црквата треба да биде смирувачки фактор, а не причина за конфликт. „Кога луѓето меѓусебно се во конфликт Црквата не може да има друга улога, освен изградбата на мир. Ако Црквата не зема учество во конфликтот и го нуди својот потенцијал за помирување, таа може да стане важен фактор за разбирањето меѓу луѓето”, рече Патријархот Кирил.

Двете земји ги споделија размислувањата и резултатите од поклонението на моштите на свети Никола од Бари во Русија, што беше договорено меѓу Папата и Патријархот за време на историската средба во Хавана во февруари 2016.

„Овој аспект го забрза патот за напредок во односите меѓу нашите Цркви. Секако, бев многу среќен да видам, како се спроведува овој настан и како тоа беше прифатено од Руската православна црква и сум среќен од постигнатите резултати. Може да се каже дека придобивките од пристигнувањето на моштите е новата клима, новата позитивна атмосфера, која помага за подобра комуникација меѓу нас, една мала тула во градењето на нови односи”, истакна од своја страна претставникот на Светиот Престол, кардинал Паролин.

На крајот од состанокот Патријархот Кирил му подари на кардинал Паролин икона на Мајка Божја и примерок од својата книга „Слобода и одговорност”, преведена на италијански, која содржи збир на неговите говори за социјални теми во кои се зборува за „односот на христијаните со современите либерални вредности”, појасни митрополит Иларион, прв соработник на Патријархот

Одговарајќи на прашање за можна средба меѓу папата Фрањо и Московскиот патријарх, митрополитот Иларион изјави дека прашањето не бил разгледано за време на разговорот. „Во моментот, оваа идеја не ја покрена ниту една од страните. Пред нас имаме огромни предизвици кои беа договорени за време на средбата во Хавана и треба да се справиме со нив”, додаде митрополитот.

РВ/к.мк

Фото: Mospat.Ru

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот