Светиот Отец повика на молитва за мир во Африка

Светиот Отец повика на молитва за мир во Африка

Папата Фрањо по молитвата Ангел Господов, на 27 мај 2018 година, потсети на беатификацијата на монахињата од Италија, Леонела Сгорбати, и ги повика сите луѓе со добра волја да се молат за мир во Африка.

Светиот Отец по молитвата Ангел Господов, ги повика сите мажи и жени со добра волја да му се придружат во молитвата за мир на Африканскиот континент. Потсети на беатификацијата на монахињата Леонела Сгорбати, припадничка на редот Мисионерки на Пресвета Богородица Утешителка, која во 2006 година во Сомалија ја убија исламските екстремисти заради нејзината вера. Нејзиниот живот, посветен на Евангелието и служењето на сиромашните, и нејзиното мачеништво преставуваат знак на надеж за Африка и за целиот свет. Да молиме заедно за мир во Африка – рече Папата.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот