Папата на молитвата Царице Небесна: да се почитува достоинството и сигурноста на работниците

Ватикан, 28.4.2013 /к.мк/ – На крајот од светата Литургија на плоштадот Свети Петар, на која папата Фрањо на 44 млади и возрасни им ја подели светата Тајна Миропомазание, ја молеше воскресната молтива Царице Небесна. Пред тоа Светиот Отец упати краток говор пред повеќе од 100.000 илјади верници собрани на плоштадот.

*****************************

Говорот на папата Фрањо за време на молитвата Царице Небесна во недела на 28 април 2013 година

Пред да ја завршам оваа прослава сакам на Пресвета Богородица да и ги доверам миропомазаниците и сите вас. Нека Пресвета Богородица нѐ научи што значи да се живее во Светиот Дух и што значи да се прифати Божјата новост во нашиот живот. Таа го зачна Исус преку Светиот Дух, и секој христијанин, секој од нас, е повикан да го прифати Божјото Слово, да го прифати Исус во себе и секаде да го носи. Марија молеше за Духот со апостолите во салата на Последната вечера, и ние, секогаш кога ќе се собереме на молитва, Мајката Исусова нè поткрепува со духовно присуство, за да го примиме дарот на Духот и да имаме сила да сведочиме за воскреснатиот Исус. Тоа на посебен начин го порачувам на вас, кои денес примивте света Тајна миропомазание: Нека Богородица ви помогне да бидете внимателни на она што Господ од вас го бара, да живеете и да одите секогаш по Светиот Дух!

Сакам да упатам срдечен поздрав на сите пристуни верници, кои дојдоа од бројни земји. Посебно ги поздравувам младите кои се подготвуваат за миропомазание, големата група која ја водат Сестрите на милосрдието, верниците од полските парохии и верниците од Бисигњан, како и католичката академска асоцијација од Капитолино.

Во овој момент, кој е посебен, сакам да ја воздигнам молитва за жртви и настрадани во тргичното срушување на една фабрика во Бангладеш. Ја изразувам својата солидарност и искрена близина до семејствата кои ги оплакуваат своите драги и упатувам од длабочината на срцето силен апел секогаш да се почитува достоинството и сигурноста на работниците.

Сега, во светлото на Велигден, плод на Светиот Дух, да се обратиме заедно до Мајката Божја.

Твитер порака на денот: Светиот Дух вистински нека нѐ преобрази, а преку нас и светот, во кој живемее, нека го преобрази.

Б.У+СиМ

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<