Кардиналот Стела за посетата на Папата на Куба

Неодамна најавената посета на папата Фрањо на Куба ќе биде прекрасен настан, бидејќи каде и да оди Папата, секогаш остава траги на надеж и љубов, истакна кардиналот Бењамино Стела, префект на Конгрегацијата за клер.

Посетата ќе се реализира по покана на Кубанската епископска конференција, а по повод осумдесет годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Светиот Престол и Куба.

Кардиналот Стела беше апостолски нунциј во Куба од 1993 до 1999 година, а исто така помагаше и во подготовките на посетата на папата свети Иван Павле II на таа земја во 1998 година. „Мислам дека секоја посета на Папата е еден важен момент кој побудува голема надеж за државата која ја посетува, рече кардиналот, додавајќи дека е уверен дека посетата на Светиот Отец ќе помогне во унапредувањето на односите меѓу Куба и Соединетите Американски Држави. Да потсетиме, Ватикан имаше важна улога во поттикнувањето на тие две земји за повторно да воспостават дипломатски односи. Папата ја има во сеќавање Куба и секогаш се моли за неа, истакна кардиналот Стела.

РВ/В.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот