Ватикан: Објавена пораката за Светскиот ден на туризмот 2021

Ватикан: Објавена пораката за Светскиот ден на туризмот 2021

Канцеларијата за печат на Светиот Престол во саботата на 11 септември ја објави Пораката која префектот на Дикастеријата за промовирање на целосен човеков развој, кардиналот Петер Кодво Апиах Турксон ја упати по пвоод Светскиот ден на туризмот, кој секоја година се одбележува на 27 септември. Темата на пораката гласи „Туризмот за инклузивен раст. Личноста надвор од статистиката.“

По повод Светскиот ден на туризмот 2021, Дикастеријата за промовирање на целосниот човеков развој го препознава сериозното влијание на пандемијата со Ковид-19 на претпријатијата и работниците кои работат во тој сектор, посебно на работниците со неполно работо време и ниско платените работници кои примаат државна помош, како и работнците лишени од секаква финансиска помош. Затоа посебно внимание посветуваме на темата која Светската туристичка организација ја избра за оваа година: „Туризмот за инклузивен раст“, и поттикот на таа организација е да се препознае дека тоа е прилика погледот да се воздигне над статистиките поврзани со туризмот и да се препознае дека зад секој број стои личност, се вели во пораката.

Во текот на својот понтификат, продолжува во пораката кардиналот Турксон, папата Фрањо често ги повикува верниците католици и сите луѓе со добра волја да ги „надминат“ економските податоци за да се „сретнат со личноста во тешкотии; да се вежбат во креативноста која ни овозможува пронаоѓање на излез кога ќе се најдеме во слепа улица; да се има на ум човековото достоинство пред ригидноста на бирократијата“ и „да се промовира општествена и економска благосостојба на целото човештво, нудејќи на секоја личност да го следи сопствениот развој.“

При пандемијата со Ковид-19 Светиот Отец апелираше до целото човечко семејство затоа што „не можеме да се вратиме на лажната сигурност на политичките и економските структури кои ги имавме пред кризата.“ Потребни ни се економски системи кои на сите им овозможуваат пристап до плодовите на созданието, до основните животни потреби: земја, дом и работа. Тоа е еден вид на инклузивен раст или со јазикот на социјалната наука на Црквата, целосен човечки развој кој Дикатсеријата сака да го промовира по повод овој Светски ден на туризмот. Развој кој е за секој човек, за сите нејзини димензии кој ја почитува земјата односно „нашиот заеднички дом.“ Пандамијата ни дава до знаење дека сме поврзани едни со други. И туризмот во поединечни земји страда ако луѓето во останатите земји не можат да патуваат заради здравствените ограничувања, се вели во пораката на Дикастеријата за целосен човеков развој по повод Светскиот ден на туризмот 2021.

Мораме да ја обновиме свеста дека како народ имаме заедничка судбина. Затоа е потребно да се фокусираме на целосниот пристап на туризмот и да се спротивставиме на искушенијата на индивидуализмот и национализмот кој премногу преовладуваат во современото општество. Само на тој начин ќе можеме да ја избегнеме „варијантата“ на вирусот кој се шири кога ја поттикнуваме болната економија која допушта неколку многу богати луѓе да поседуваат повеќе отколку што има остатокот од човештвото и кога моделите за производство и потрошувачка ја унишуваат планетата.

Затоа, по повод овогодинешниот Светски ден на туризмот, Дикастеријата ги поттикнува сите да се залагаат за туризмот кој овозможува средба меѓу луѓето и од различни територии, каде восхитот на убавината може да ги отвори начините на живот кои ги почитуваат другите луѓе и планетата.

Во пораката Дикастеријата за целосен човеков развој се апелира до „епископите и одговорните за зачувување на туризмот за да се воспостави блиска соработка со локалните власти во промовирањето на туризмот кој ги почитува луѓето и природата и промовира праведна и инклузивна економија. Само таков туризам може да стане фактор од примарна важност во градењето на светот во кој секое човечко битие целосно се остварува.“

Ја изразуваме нашата искрена благодарност до сите оние кои се залагаат да поддржат, без разлика дали материјално или духовно, тие кои сѐ уште се во економски тешкотии заради прекинот на туристичките активности. Во многу локални Цркви пастирите заедно со своите соработници, со поддршка на националните и локалните Каритаси ги зголемија своите напори во пронаоѓањето на најдобрите решенија за решавање на општествените тешкотии. Тоа е конкретен пример за инклузивен развој: на она „ново братство способно за взаемна помош и взаемно почитување“ кое премногу ни е потребно, стои на крајот на пораката која ја упати кардинал Турксон.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот