Благодарност од Папата за ружите на света Рита

Благодарност од Папата за ружите на света Рита

Во писмото испратено до клаузурната заедница во Касција, Папата се заблагодари за ружите на света Рита кои монахињите и отците августинци му ги испратија по благословот на денот на литургискиот спомен на таа светица на безнадежните случаи.

Папата Фрањо им се заблагодари на сестри августинки од манастирот на света Рита во Касција за петте ружи благословени на 22 мај кои му ги испратија како чувар на христијанскиот народ на сите континенти. Во писмото кое на монахињите им пристигна во средата, Светиот Отец ги известува дека ружите ги положил пред статуата на Пресвета Богородица за да се исполни волјата на Бог за Кој сè е можно преку застапништвото на Пресвета Богородица и светицата на безнадежните случаи.

Освен тоа Папата истакнува дека во оваа време на пандемија (…) Исус е нашата единствена надеж и дека во воскреснатиот Господ Отецот ги исполнува сите ветувања и ни дава најголем доказ за својата верност. Затоа да не се препуштиме на трпење, а ниту на смртта, туку да се придвижиме за да изградиме иднина која Бог сака да ја оствари за сите свои деца – поттикна папата Фрањо.

Монахињите од Касција со голема радост го примија писмото од Папата. Неговите мисли нè развеселија – рече сестра Наталина Тодесчини заменичка поглаварка на манастирот и додаде: Неговите зборови ни го покажаа неговото внимание и близината со нас. Не мислевме дека иницијативата на ружите благословени во Касција на денот на света Рита може да му биде толку мила и на Папата.

Заради пандемијата од коронавирусот оваа година прославата на празникот света Рита е организирана во согласност со посебните одредби со цел спречување на ширењето на заразата; затоа светилиштето во Касција не можеше да ги прими илјадниците верници кои секоја година на 22 мај доаѓаат на поклонение за да го прослават литургискиот спомен на таа монахиња августинка. За да се поврзат на некој начин со сите, монахињите и отците августинци на тој град одлучија да испратат цвеќе кое е симбол на света Рита, благословено на нејзниот празник. Освен петте ружи кои ги испратија на папата Фрањо како знак на петте континенти по една ружа испратија и на претседателите на италијанските покраини, до претседателот на Италијанската епископска конференција, до претседателите на регионалните епископски конференции, до италијанскиот претседател и до други претставници на граѓанските власти.

Како знак на духовната близина и благодарност за молитвата во поддршката на неговата служба, папата Фрањо го испрати својот благослов на заедницата на монахињите, на отците августинци и до „пчелите“ во Кошницата на света Рита односно до децата кои се сместени во зградата покрај манастирот, а кои доаѓаат од семејства со потешкотии. На крајот изрази надеж за враќање на поклониците во Касција која ја нарече оаза на мирот, за сите кои се тажни да можат да тргнат по нови патишта кон вистината која ослободува.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот