Префектот на Конгрегацијата за евангелизација на народите, истакна дека мисионерската димензија не е нешто што треба да им се остави на другите, наместо тоа, секој од нас треба да разбере дека е мисионер од кршевањето
Со свечена Вечерна молитва во базиликата ,,Свети Петар” во вторникот започна вонредниот мисионерски месец октомври. Целта на овој месец,според писмото на папата Фрањо по повод 100 годишнината од апостолското писмо ,,Maximum illud” e со обновен ентузијазам да се започне мисионерска обнова на животот и пасторалната грижа. Желбата на Папата е сите верници да имаат вистинско срце за навестување на евангелието и обнова на сопствените заедници во мисионерски и евангелски.
Кардинал Филони, префектот на Конгрегацијата за евангелизација на народите, во интервјуто за Радио Ватикан истакна дека мисионерската димензија не е нешто што треба да им се остави на другите, наместо тоа, секој од нас треба да разбере дека е мисионер од крштевањето и дека треба да си најде своја улога. Денес кога општеството веќе не е толку хомогено како пред неколку века, кардинал Филони смета дека е важно да се препознае потребата за мисионерска работа во областа во која живееме, а исто така ја нагласи и потребата за континуирана евангелизација и повторна евангелизација во самата Црква.
Во понеделник на 7 Октомври кардиналот ќе ја предводи мисионерската молитва. Во врска со тоа тој се потсети на почесната служителка Божја, Паулин Јарикот, лаик која живеела во 19 век во Франција и се смета за основач на Папските мисиски дела. Покрај парите што ги собирала и редовно ги испраќала на мисионерите во странство, Паулин создала мисионерски ланец за молитви кој служел како молитвена поддршка на мисионерската работа. Молитвата е енергија на оваа работа – рече кардинал Филони, додавајќи дека таа идеја никогаш не потфрлила, и дека мораме повторно да ја откриеме.
Ватикан њуз/к.мк