Кардинал Турксон за посетата на Папата на островот Лезбос

Светиот Отец во сабота ќе го посети грчкиот остров Лезбос како знак на неговата вистинска близина со раселените лица и бегаците, чија состојба е се подраматична.

Цел на посетата е да ги поттикне на Европјаните и меѓуародната заедница на искрен испит на совеста, истакна кардиналот Турксон, кој во Рим учествува на собирот „Интегрална екологија“, организиран под покровителство на Американската амбасада при Светиот Престол.

Осврнувајќи се на посетата на Папата на грчкиот остров во разговор за Радио Ватикан, кардиналот Петар Турксон, претседател на Папскиот совет за Правда и мир, рече дека посетата на Папата на островот Лезбос потсетува на неговата посета на италијанскиот остров Лампедуза. Како и Лампедуза, островот Лезбос ги прифаќа лицата кои бегаат од своите земји. Значи, посетата ќе биде обид на меѓународно поле повторно да се покаже глобалната состојба на тие луѓе како и на причините за таа состојба, па така, да се поттикне светот и глобалната совест да се направи нешто со цел, избегнување на општа катастрофа, истакна кардиналот и додаде:

Во овој момент насилството на т.н. Исламска држава е главна причина за бегалската драма, а пред тоа беше војната во Сирија. Потребен е напротив мир, кој ќе биде плод на дипломатијата, кој ќе се темели на пријателство, љубов и братство, кое треба да им се покаже на тие лица, истакна кардиналот Турксон.

На забелешката дека посетата на Папата сака да ја победи рамнодушноста која папата Фрањо често ја осудува, кардиналот истакна дека би требало да се истражат причините за рамнодушноста. Грција сигурно не може да биде рамнодушна, бидејќи сега бегалците се во Грција. Но мерките кои Европа ги усвои… Одобрени се големи средства за Турција за да го запре доаѓањето на бегалците. Не знам во чиј интерес е тоа? Можеби Европа ќе биде мирна, но колку ќе трае тоа спокојство? Бидејќи ако тие лица не можат да стигнат преку морето, ќе се пронајде некој друг начин да стигнат до Европа. Ако се бара долгорочно решение, тогаш треба да се создадат услови за мир во земјите од каде доаѓаат бегалците, истакна кардиналот Турксен.

РВ/В.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот