Кардинал Сандри за светите браќа Кирил и Методиј

Евангелието и неговото сведочење, се неисцрпни творци на цивилизации и култури и потребно е да се следи примерот на оние кои својот живот го посветиле за навестување на Евангелието – истакна кардинал Сандри, префект на Конгрегацијата за Источни цркви, на 12 јуни 2014 по повод преставувањето на документот од Конгресот одржан под наслов: „Свети Кирил и Методиј меѓу словенските народи – 1150 години од почетокот на нивното делување“, кој се одржа во просториите на Словачката амбасада при Светиот Престол.

Тоа е важно, исцрпно, но и многу интересно истражување, кое траеше повеќе од една година, а ја прикажа сложениот карактерот на светите Кирил и Методиј, како и длабочината на нивното единство во сите димензии на нивното евангелизациско делување, а од чиј почетоци поминаа веќе 1150 години – рече кардинал Сандри.

Без сомнение тоа е голема заслуга, да се вметне Евангелието во посебните традиции на народите кои ги сретнуваа. Многу словенски култури своите почетоци или развој го должат токму на тие двајца Солунјани. Доволно е да се спомне генијалната глаголица, а да не зборуваме за успехот при обединувањето на различните црковни литургии во една единствена складна целина – истакна префектот.

Тука е и екуменската димензија на нивните животи и пораката од нив – нивните животи беа пример за христијанки живот и апостолат – без разлика дали станува за православни или католици или пак за некоја заедница произлезена од реформацијата. Треба да се сетиме на последните историски гести на папата Фрањо, по повод истражувањето на единствто во различноста: прегратката во Светата Земја со Вартоломеј од Цариград, повикот за мир во Ватиканските градини, заедно со израелскиот претседател Перес и палестинскиот претседател Абас. Сигурен сум дека солунските браќа на тоа се радуваат и дека ќе продложат да посредуваат во корист на екуменскиот дијалог – рече кардиналот.

Источните католички цркви треба да го поттикнуваат единството на сите христијани; не едноличност и идентичност, туку различност која покажува единство – бидејќи токму тоа го застапуваа Кирил и Методиј, но секогаш во заедништво со Петровиот наследник – рече кардинал Сандри – и се осврна накратко на Европа, чиј што браќа се созаштитиници, и рече дека сака во времињата на криза, војни и раздовоеност, континентот да продолжи да диши со двете крила, без страв од повторното откривање на сопствените христијански корени

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот