На прославата 800. години од срдбата помеѓу свети Фрањо и султанот Малик ал-Камил во Египет, папата Фрањо ќе го претставува кардинал Леонардо Сандри.
Монашката заедница на Фрањевците за прославата која ќе се одржи од 1 до 3 март подготвија низа настани, пренесува Ватикан њуз.
Во петок 1 март 2019 година во Дамиет – град пред чиј ѕидини се сретнале свети Фрањо и султанот во октомври 1219 година, е цел на гоелмо поклонение. Во сабота 2 март на универзитетот Ал Азхар во Каиро ќе се одржи конференцијата на тема „За дијалог во мир и благост“, која е организирана заедно со Светскиот сојуз на дипломци на Ал Азхар и египетските фрањевци. Во недела 3 март 2019 година кардинал Сандри ќе ја предводи свечената света Миса во црквата свети Јосиф во Каиро.
За време на неодамнешната посета на Абу Даби Папата повторно потсети на таа средба, истакнувајќи го истото и на Генералната аудиенција во Ватикан на 6 февруари: Прв пат еден Папа го посети Арапскиот полуостров. И Провидноста сакаше тоа да биде папа со име Фрањо, 800 години после посетата на свети Фрањо Асишки кај султанот Малик ал-Камил. Папата Фрањо изрази цврсто уверување дека „дијалогот меѓу христијанството и исламот е одлучувачки фактор за мир во денешниот свет“.
Ика/к.мк