Синода: Младите во Гватемала се враќаат на католичката вера

Синода: Младите во Гватемала се враќаат на католичката вера

Младите во Гватемала повторно ја откриваат верата – рече монс. Росолино Бјанкети Бофели епископ на Кичеа и учесник на Епископската синода за млади, истакнувајќи дека е голем успех за неговата бискупија што оваа година 60 млади лица се крстени.

Добрата вест дојде дури на крајот од разговорот кога епископот напомена дека поголемиот дел од младите во таа земја во Средна Америка е близу до Црквата и редовно пристапува на светите Тајни, посебно оние на христијанската инцијација.

Многу млади се враќаат на верата

Епископот Бофели учествува на синодата и од директните сведоштва слушна дека во голем број краишта во светот состојбата не е толку добра. Покрај тоа ако се сетиме дека Гватемала дури во 1996 година излезе од страшната граѓанска војна која траеше 36 година во текот на која војската која беше на власт со сите средства се обидуваше да се спротивстави на Црквата, уште повеќе се чудиме на тоа. Замислете – додава епископот – во мојата бискупија оваа години крстивме 60 млади кои се вратија во католичката вера. (…)

Миграциите уште еден предизвик

Младите Гватемалци на синодата прикажаа уште еден предизвик, а тоа е миграцијата. Нивната земја не е само место на раскрсница на луѓето кои поминувајќи низ Гватемала се селат барајќи подобар живот. Имено многу млади  ја напуштаат својата земја за да преживеат. Најпривлечни се САД и Канада – рече епископот Бофели. Таму се основаат многу силни христијански заедници, иако нивното вклучување не е секогаш лесно. Одржуваат цврсти врски со роднините и пријателите кои остануваат во Гватемала, често им испраќаат пари за да им помогнат. Главно миграциите се проблем  кој се чувствува, затоа младите сакаат Црквата конкретно да се ангажира за нивно решавање – рече епископот Бофели.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот