Кардинал Паролин се обрати во ООН за Агендата 2030

Во своето обраќање на 22 септември 2016 година при Обединетите нации, говореше за одржливиот развој и Агендата 2030.

Во своето обраќање на 22 септември 2016 година при Обединетите нации, Папскиот државен секретар кардинал Пиетро Паролин потсети на тоа дека Светиот Отец минатата година на истото место Агендата 2030 ја нарече „важен знак на надежта“ што неодамна го и повтори признавајќи ја иницијативата која Организацијата ја презема од минатата година поттикнувајќи ги сите за остварување на целите на Агендата 2030.

Остварувањето на целите на Агендата вклучува важна претпоставка за одговорност од страна на владата и посветеноста на сите за општото добро. Тоа определување подразбира препознавање на потребите, да се тежнее не само за остварување на големите макроекономски цели, туку и за специфични резултати и праведната распределба. Без финансиска стабилност и одржливо инвенстирање и бизнис проценка во поттикнување на внатрешниот раст нема да биде можно да се остварат зацртаните цели – рече Папскиот државен секретар.

Наместо краткорочни инвестиции и брз профит потребно е итно да се насочи кон општото добро, што вклучува одржлив развој и грижа за создаденото. Кардиналот како посебен случај повторувајќи ги зборовите на Папата го спомна „еколошкиот долг“ помеѓу северот и југот; грижата за земјите на кои им се потребни парични средства и техничка помош за да можат да се соочат со последиците од климатските промени и да промовираат одржлив развој. Развојот – посебно оној целосниот – не може да се наметне, смета кардиналот.

Минатата година, продолжи кардиналот, папата Фрањо потврди дека тоа „претпоставува и бара право на образование… кое треба да се обезбеди пред сè со почитување и зајакнување на првенството на правата на семејството да ги воспитува децата како и правото на Црквата и општествените групи за поддршка и помош на семејствата при воспитувањето на децата. Папата додаде дека „наједноставна и најдобра мерка и показател за спроведување на новата Агенда е развојот да биде ефикасен, практичен и непосреден пристап на сè; за основните материјални и духовни потреби: домување, достоинствен и праведен надомест за работата, вработувањето, храната и водата за пиење, верската слобода и општо духовната слобода и образование.“

Кардинал Паролин го спомна поимот вклучување кој придонесува за човечкиот развој, но не се исцрпува и укажа на мултилатералните иницијативи и поттикна на потрага за комплементарни и долгорочни системи на финансирање, кои можат да обезбедат финансиските средства да бидат достапни и одржливи за најсиромашните. Во енцикликата „Laudato Si“, Папата истакнува дека „столбовите за целосен човечки развој имаат заеднички темел, а тоа е правото на живот“ кој претпоставува да го „препознаеме моралниот закон запишан во самата човечка природа, оној кој ја вклучува природната разлика помеѓу мажите и жените (Laudato Si 155) и апсолутното почитување на животот во сите негови фази и димензии.

Кардиналот укажа и на потребата за мир без кој целосниот развој е невозможен, потсетувајќи дека пред само неколку дена во Асизи папата Фрањо заедно со бројни други светски верски водачи ја нагласи важноста за дијалог како привилегиран начин на миротворство.

Конфликтите не само што го оневозможуваат постигнувањето на одржливиот развој на регионално ниво, туку и ги уништуваат човечките ресурси, средствата за производство и културното наследство. Големите и несреќните последници од војната често не е можно да се избегнат и ја продолабочуваат политичката поларизација на глобално ниво и го стеснува просторот во кој истата меѓународна заедница може да предложи ефикасни решенија за стабилен и траен мир – истакна меѓу останатото кардинал Паролин.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот