Кардинал Паролин во интервју зборува за односите на Светиот Престол со Кина

Папскиот државен секретар во интервју за списанието „Свети Фрањо“ кое ќе биде објавено во јануари 2015 година зборуваше за односите со Кина. „Во позитивен период сме“ и „би се осудил да кажам дека се добри перспективите“ иако одот „сеуште не е завршен“. Кардинал Паролин добро ја познава чувствителноста на некои преговори, а обично „не брзајќи се“ во своите оценки. Но, одговарајќи на прашање за односите со Кина рече дека нешто се „движи“ и дека дипломатијата на папата Фрањо по подобрените односи помеѓу САД и Куба, свртува поглед кон Кина.

Зборувајќи за односите со Кина рече дека патот беше долг, „со наизменични фази“ дека сеуште не е завршен и дека ќе се заврши во Божјо време. Уверен сум – додаде – дека на Кина мораме да примените теолошко гледање. Сега сме во позитивна фаза, од една страна стигна поттик да се продолжи дијалогот и заедничкото барање на решение за проблемите за присуството на Католичката црква во таа огромна земја. Се осудувам да кажам дека перспективите се добри, а се надеваме дека овие „пупки“ ќе процветат и ќе донесат добар плод, за благосостојбата на Кина и целиот свет – рече кардинал Паролин.

Кардинал Паролин го потврди постоечкиот дијалог помеѓу Кина и Светиот Престол. Околу месец дена на разни веб портали во Хонг Конг, па и во весникот на англиски „Глобал Тајмс“ кој е во врска со „Народен весник“, службениот весник на Кинеската комунистичка партија, пишува за брзо решение на долгогодишниот проблем околу именувањето на епископите, откако Владата во Пекинг излезе со предлог во кој е содржен усогласен договор.

Светиот Престол секогаш тврдеше дека е подготвен на договор за именувањето на епископските кандидати, но Римскиот епископ треба да го има последниот збор. Папата Бенедикт XVI во писмо до католици во Кина објавено во мај 2007 година, сака „договор со владата“ за изборот, именувањето и признавањето на епископите.

Објасни пак дека „именувањето на пастирите“ во меѓународните документи се „сфаќа“ за важен дел на правата на верската слобода.“ Папата Рацингер објасни дека именувањето на пастирите е „духовна власт“, а не „политичка“ која се меша во внатрешните работи на државата.

Во август на враќање од Кореја откако на еден Папа прв пат дозволи да надлетува на воздушниот простор на Народна Република Кина папата Фрањо рече: Многу молев за голем, благороден и мудар кинески народ… А имам ли желба да ја посетам Кина? Би отишол утре. Ние го почитуваме кинескиот народ: Црквата единствено бара да може слободно да делува и ништо друго – истакна Светиот Отец.

Можеби чукна часот да се прекине со минатото и да се започне нов период. Минатите денови се зборуваше за тоа како Светиот Отец не го примил во аудинција Далаи Лама. Папата изрази „почит“ кон будистичкиот лидер, а во аудиенција не ги прими ниту него, ниту други нобеловци. Властите во Пекинг веднаш упатиле позитивен сигнал – рече кардиналот.

Кина секогаш „искрено“ сака да ги подобри односите со Светиот Престол изјави портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи, Кин Ганг објаснувајќи дека „однесувањето на Ватикан е забележано“. Кина ќе го продолжи поттикнувачкиот дијалог со Светиот Престол – рече Ганг, изразувајќи надеж дека „Ватикан заедно со Кина ќе вложи напор за двете страни да се сретнат на половина пат за да ги подобрат билатералните односи. Во овој контекст треба да ги сфатиме одмерените и важни зборови на Пакиот државен секретар.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот