Папата упати телеграми со сочувство за убиените чесни сестри

Преку државниот секретар кардинал Пиетро Паролин, Светиот Отец упати телеграма со сочувство по повод убиството на трите чесни сестри во Бурунди. Сестрите се убиени за време на викендот во својот манастир, а најверојатно поводот е грабеж или освета. Првата телеграма во име на папата Фрањо е упатена до сестра Инес Физи, поглаварка на Ксаверските мисионерки, општество на кое и припаѓаа трите сестри, а втората телеграма е упатена до монс. Еварист Нгојагој, архиепископ во Бујумбур, место каде чесните сестри го извршуваа својот апостолат.

Во телеграмата упатена до поглаварката, папата Фрањо го изразува своето „искрено сочувство поради трагичната смрт на Ксаверските мисионерки“ и истакнува дека „живо сочувствува во длабоката болка од која е погодено општеството поради тешката загуба, на многу ангажираните монахињи“ и се надева дека „пролиената крв ќе биде семе на надеж за изградба на вистинско заедништво во народот“. Во другата телеграма Светиот Отец изрази близина со сите ожалостени и од срце им го подели својот апостолски благослов.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот