Каков Божиќ ќе славиме!?
И покрај тоа што Велигден е најважниот христијански празник, Божиќ е ден кога си спомнуваме на Исусовото раѓање, културолошки гледано најважниот ден во западната цивилизација околу кој се наталожени најбогатите и најинтересните обичаи.
Божиќ денес се јавува како троен феномен. Во исти денови коегзистираат и делумно се поклопуваат три доживувања на истиот празник – комерцијален, традиционален и верски.
Комерцијален, лаички Божиќ кој кај нас се јавува во последните дваесет години, е чиста економска категорија. Обичај на купување подароци, во знак на внимание по повод драгиот празник, се преобликува и прерасна во сериозен економски фактор. Четвртина од личната потрошувачка во САД се остварува во божиќно време.
Тој лаицизиран Божиќ, во кој симболите и живописната традиција целосно се одвоиле од почетната смисла и почнале да живеат самостоен живот, накратко Божиќ без Христа, станал празник и за нехристијани. Се купуваат подароци, не потресуваат божиќни акции, божиќни промоции, CD, украси за елки, од сите страни излегува Дедо Мраз. Тој живописен лик, во денешен облик создаден во Америка во 19 век, изведен од свети Никола, епископ во 3 век кој бил познат по дарувањето на децата. На почетокот на 20 век веќе бил толку популарен и привлечен што во атеистикиот Советски Сојуз го зачувале прекрстувајќи го во Дедо Мраз, како што потоа се нарекува и во социјалистичка Југославија. Во транзицијата настанала пренамената од Дедо Мраз во Дедо Божиќ, чија иконографија во меѓувреме добила дефинитивен облик преку рекламите на кока – кола. Така замислениот Божиќ е само една вистина најсилна од сите комерцијални позадини, со свети Валентин, Халауин и слино псевдохристијански шопинг мотиви. Околу Божиќ на ова ниво се создава толку притисок што нас не просветлуваат текстови како „Како ќе го преживеам Божиќ без стрес“, кој суштината на Божиќ ја гледа исклучиво во голем кулинарски и даровен напор.
Традиционалниот Божиќ, кој најчесто се истакнува како „вистински“ наспроти комерцијалниот, чува блиска врска со христијанските корени, но често се замаглува истакнувајќи дека Божиќ е пред се празник на собирање на семејството, богата трпеза, заедно одење на света Литургија и сл. Иако на прв поглед се чини дека тоа е тоа, таквиот традиционален Божиќ, ако остане само на церемонијата на семејно собирање, носталгични сеќавања на детството и проектирање на длабока потреба за топлина, нежност, семејство, покрај својата привлечност на тие прекрасни чувства со духовната суштина на Божиќ има еднаква врска колку и трговските центри.
Третиот е исконски, вернички Божиќ како спомен на до тогаш незамислива вест – Бог повеќе е далеку, не го напушта создадениот свет, туку слегува во него, во историјата. Се раѓа во друга божествена личност, станува човек и донесува спасение. Раѓањето Божјо во својата суштина е скандалозна, незамислива, вознемирувачка работа. Оние кои не веруваат, како што вели свети Павле, тоа е чиста лудост, а за верникот е единствена смисла и спасение. Божиќ е спомен чин кој претходи на Воскресението, што оние кои веруват го преобразува целосното доживување на светот, историјата и сопствената судбина.
Додека си честитаме едни на други на Божиќ, би било добро да се запрашаме за што говориме. Кој Божиќ го славиме? Околностите на настанот како што се скромна штала, пастири, мудреци и подоцна традицијата – јасли, накитена елка, свети Никола, семеен ручек, Дедо Божиќ и слично се само споредна опрема за големата вест за раѓањето на Богочовекот.
Имаме ли сила да го заостриме Божиќ до крај и да се запрашаме веруваме ли навистина или го конзумираме како традиционална лушпа на нешто што сме го надвладеале? Остануваме ли на нивото на убави обичаи, кои комерцијалниот погон одамна ги намириса и дополнително ги напумпа или вистински го доживуваме споменот на настанот од пресудно значење е и за нашиот живот?
Секому треба да му го честитаме неговиот Божиќ. На шопингхоличарот треба да му посакаме добро купување и забава. На традиционалистот кој суштината на Божиќ му е во собирањето на семејството, добро општествена врска. На оние кои веруваат, пак, треба да им честитаме за Божјата љубов.
Битно нет/Д.И