Можеби имате шеф кој секогаш ве критикува. Можеби имате пријател/пријателка кој на многу суптилен (нежен) начин ве подбуцнува. Како христијани, како да се справуваме со таквите луѓе?
Сите во животот имаме луѓе кои настојуваат да нé понижат. Можеби имате шеф кој секогаш ве критикува. Можеби имате пријател/пријателка кој на многу суптилен (нежен) начин ве подбуцнува. Многу е лесно да се налутите и да бидете фрустрирани заради луѓето кои се однесуваат така. Лесно е нивните зборови да ги земеме при срце, да дозволиме да нѐ парализираат, и да престанеме да тежнееме за остварување на соновите што Бог го посеал во нас. Како христијани, како да се справуваме со таквите луѓе?
Имајте го во предвид нивното минато
Тешко детство – Како што знаеме сите, нашето детство нé обликува во голема мера. Кај некои луѓе во чие детство немало љубов (доживеале некој вид на злоставување) не е необично другите да го прават тоа што некој претходно им го правел. Но тоа нивно однесување не ги прави дека се во право. Најдобро што можеме е да се потрудиме на некој начин да го обновиме тоа што е пореметено во нив.
Недостаток на самодоверба – Понекогаш луѓето со недостаток на самодоверба ги понижуваат другите. Мислат дека тие самите не се вредни, па затоа мора да ги понижат другите. Колку и да биде тешко да не им вратите со иста мера, реагирајте со љубезни зборови. Истакнете нешто во кое тие се навистина добри и дадете им го тоа до знаење.
Лоши одлуки – Кога носиме лоши одлуки, мора да ги поднесеме последиците. Може да биде тешко да гледаме околу себе и да видиме како животите на другите се совршени. Ако некој ве понижува од оваа причина, настојувајте да комуницирате со нив и прашајте ги како може да им помогнете.
Дали се фиксирани на сопствените неуспеси? – Понекогаш луѓето се фиксираат на своите неуспеси и не сакаат да видат дека некој друг успева во нешто. Кога се чувствуваат така, мислат дека мора да го обесхрабрат секој околу себе.
Како христијани мора во сите овие ситуации да бидеме сочувствителни, без да се лутиме.
„А слугата Господов не треба да влегува во расправии; туку да биде кроток кон сите, поучлив и незлобив“. (2Тим 2,24)
Сетете се на своите вредности
- Мораме да запаметиме дека нашата вредност не е во оние околу нас.
- Нашата вредност е во Господ.
- Сите сме вредни бидејќи сите сме благословени со таленти и дарови.
- Бог сите не создадел единствени, и за Него сите сме неизмерно вредни.
Мораме да го свртиме другиот образ и да продолжиме понатаму
- Кога луѓето сакаат да нé понижат, мора да се однесуваме како да не слушаме.
- Мораме да продолжиме да се трудиме околу соновите кои Бог ги посеал во нас и да одиме по патиштата по кои тој нас нé води.
- Ако имаме лош ден на работа, да си простиме себеси за грешките кои ги правиме, и да настојуваме да уживаме во остатокот од денот.
- Во своето срце внимателно да ги ослушнуваме Господовите прашања за тоа како да се справуваме во конкретна ситуација.
Молете се за луѓето околу вас
Најважно што може да направиме за тие луѓе (а да не возвратиме со иста мера) е да се молиме за нив. Настојувајте да ги запознаете луѓето кои ве понижуваат. Влезете во нивните животи, мисли и чувства, а потоа молете колку што можете поконкретно за нивната ситуација. Комуницирајте со нив и помогнете им ако можете. Ако се работи за нешто што секогаш сакале да го направат, поттикнете ги да го направат тоа. Ако се однесува на нешто за кое вие многу знаете, понудите им поддршка, менторство. Ако страдаат заради болки од минатото, и не знаат како да го пребродат тоа, истражете кои се добри христијански терапеути во вашата околина и пренесете им ги информациите. Ако се борат со недостаток на самодоверба, истакнете ги сите добри карактеристики и таленти кои ги имаат. Дадете им комплимент барем еднаш неделно кога/ако ги видите. Никогаш не знаете што ќе стане од семето кое го сеете со љубов.
Молете се за нивно спасение
Тешко е да се молите за луѓето кога се такви. Најдобар начин на молење во вакви случаи е да го замолите Господ да се покаже на единствен начин за таа личност. Помолете го Господ да им ги отвори очите, срцето, умот така што нема да се посомневаат дека Тој постои, да им проговори.
Дали сѐ уште сте загрижени дека нема да реагираат како што треба? Да се помолиме за Божја помош.
Господи, те молам, помогни ми кога луѓето се обидуваат да ме понижат. Овозможи ми да ги препознам болките и проблемите во нивните животи, и како можам да им помогнам на тие луѓе. Помогни ми да ги контролирам своите природни човечки склоности и да не се одмаздувам. Тивко потсети ме во што се состои мојата вистинска вредност. Утеши ме со спознанието дека ти ме водиш по подобар пат, и дај ми сила да продолжам да одам по него. Те молам, исчисти ми го срцето од сé што ми пречи да молам за луѓето околу мене. Тоа Те молам во Твоето Име. Амин.
Битно нет/ Стефанија Ристова