Како да ги научиме децата да не лажат?
Кога возрасните прв пат ќе откријат дека децата лажат се јавуваат најразлични емоции: недоверба, лутина, загриженост. Експретите објаснуваат дека децата до четвртата година не се способни да разликуваат лага од вистина.. Лажењето треба да се прифати како дел од растењето, но треба да се реагира на секоја кажана невистина. Да не заборавиме дека децата учат од своите родители. Родителите кои ги лажат своите деца односно зборуваат невистини во нивно присуство, ги учат децата дека лажењето е прифатливо и е лош пример за децата. Тие нивни особини детето ги забележува и го прифаќа таквиот начин на изрзување и однесување со другите луѓе. Тоа постепено му преминува во трајна навика. Родителите мора строго да водат сметка за своето однесување кон децата, добро да внимаваат како се однесуваат и што зборуваат пред нив, бидејки тоа игра голема улога во нивниот развој, па дури и на појавата на лажењето.
Многу родители своите вистински изјави, некои полувистини, не ги сметаат за лаги или пак мислат дека тоа децата ќе го сфатат како „добра намера“ Понекогаш родителите бараат од нивните деца да се послужат со лага: „Ако ме бара некој, кажи дека не сум дома“. Понекогаш децата неоправдано изостануваат од училиштето поради контролните писмени задачи, бидејки не научиле доволно, па родителите ќе излажат дека децата им се болни или ќе напишат лажно оправдание. Оваа е сѐ почеста појава во основните училишта, а многу честа и во средните училишта, професорите водат вистинска битка со оправданите и неоправданите изостаноци на уцениците и не гледаат никакво решение на овој проблем.
Зошто децата лажат?
Одговорот на прашањето зошто децата лажат, се крие во степенот на развојот и староста на детето. Педагозите велат дека децата од предучилишта возраст лажат поради посебно развиената имагинација, младите ученици лажат за да ги задоволат старите, додека старите лажат мислејќи дека така ќе го решат проблемот. Децата лажат за да ја избегнат казната, да предизвикаат внимание, да постигнат одредена цел, да се покажат појаки или подобри, да ги импресионираат другите или да се поистоветат со своите идоли.
Како да се препознае и да се спречи лажењето?
Децата кои лажат го избегнуваат погледот, ја прекриваат устата додека зборуваат, црвенеат на образите, го тријат носот, често се закашлуваат, покажуваат различни движења со рацете и покажуваат немир. Ако откриете дека вашето дете лаже, многу е важно да останете мирни и да не му се заканувате на детето со казни. Децата лажат најчесто од страв, бидејќи се плашат од казни или нешто друго. Има многу педагошки методи да се поттикне детето на промена во однесувањето. Важно е да му помогнете на детето да ја усвои искреноста на тој начин што ќе нагласите дека сте горди што вашето дете е искрено, па ќе го пофалите и наградите.
Совети доколку ги фатите децата како лажат
• Никогаш не го напаѓајте детето, заедно откријте ја содржината на лагата и проблемот поврзан со таа лага.
• Не поставувајте прашања за да го збуните детето, поставете едно прашање и стрпливо чекајте го одговорот.
• Пуштете го детето да каже што се случило, не претпоставувајте, ниту пак осудувајте ги другите деца.
• Кажете дека ви е тешко што се случило тоа, но дека ја цените неговата искреност.
• Каква и да е вистината, што и да се случило, не бидете строги со детето: па и најтешките проблеми се решаваат.
• Не заборавајте дека и вие треба да бидете искрени со детето. Не го обвинувајте за лагата, доколку не сте сигурни дека навистина лажело.
• Не дозволувајте детето да ве фати во лага, тоа ќе му ја разниша смислата на вредноста.
Превентивни педагошки мерки
1. Фалете је искреноста– кога и да сте во можност, кажете нешто убаво и пофално за искреноста. Кога на пример сте сведоци на некој што во некоја тешка животна ситуација бил искрен или кога заедно гледате филм, можете да кажете: „Гледаш колку е храбро и добро да бидеш искрен.“ Или: „Најмногу ми се допаѓа што главниот јунак ја зборува се вистината“.
2. Уверете го своето дете дека го познавате – секогаш на своите деца треба да им кажувате дека ги сакате, дека сте горди на нивниот успех, дека секогаш сте тука кога и да им затребате и дека секогаш сте подготвени да помогнете без разлика за какви проблеми се работи.
3. Разговарајте за одговорноста и самопоставувањето – говорете им на децата за вашите искуства кои сте ги имале кога сте биле дете, како и сега на возрасни години колку е важно да се каже вистината па колку и да ни е тешко. Говорејќи ја вистината превземаме одговорнос, се почитуваме себе, но и другите.
4. Разговарајте со своите деца за довербата – прашајте ги децата зошто е важна довербата помеѓу луѓето, а посебно помеѓу родителите и децата.
5. Потрудете се да разберете зошто детето лаже – најчесто е поради стравот од вашата реакција, од вашата лутина или казна, ако ја откриете вистината. Научете да реагирате на лошите вести така, вашата реакција да не предизвикува страв кај детето.
6. Пофалете го детето кога ја зборува вистината – кога детето ќе ви ја каже вистината, покажете дека тоа го цените и почитувате. Прегрнете го и кажете му дека родителот е тој кој треба прв да дознае ако нешто му се случи на детето и треба да биде сигурен дека родителот ќе му ја даде најдобрата помош во решавањето на проблемите, какви и да се тие .
7. Не претерувајте со контролирањето на детето– вистина е дека децата во присуство на родителите зборуваат и се однесуваат онака како што родителите очекуваат. Цел на секој родител е децата одоговорно да се однесуваат кон себе, другите и кон матријалните добра и кога не се под нивна конторла.
8. Никогаш не бидете прекритични и негативни – сите деца имаат основна потреба да бидат прифатени и пофалени, од своите родители и другите деца.
9. Исполнувајте ги своите ветувања– ветете им го на децата само тоа што може реално да се исполни,т ака и вашето дете ќе прифати и ќе живее по принципот на искреноста и довербата која се гради цел живот.
10. Говорете ја вистината – отвореноста, искреноста, разбирањето на развојната психологија ви ги дава алатките во совладувањето на развојната проблематика во секојденвиот живот.
11. Слушајте и бидете емпатични – сите деца имаат потреба да бидат сакани, прифатени во семејството, училиштето и помеѓу своите другарчиња. Да слушате и да чуете што децата зборуваат е многу важна порака.
12. Ние сме најважниот урнек и модел на тоа како треба да се однесуваат нашите деца – примерот е најдоброто развојно оружје во сите сегменти на формирањето на децата и младите во среќни и одоговорни луѓе. Да се надеваме дека само со заедничка работа, довербата во образовните институции, со давање на важност на учителите, свештениците и сите кои работат со деца, ќе се придонесе за развој на вистината за сите нас и за проблемите кои нè мачат.
Битно нет/Ж.П.