Исус е пат до Бог за секој човек

Исус е за секој човек отворен пат за да може да го сретне Бог, истакна папата Фрањо говорејќи пред членовите на меѓународното здружение на верници „Назаретско дело“, кое се занимава со апостолски, каритативни и мисионерски дела, кои на 21 август попладне Папата ги прими во аудиенција во домот Света Марта. Со нив беше и кардиналот Жан Луис Туран, претседател на Папскиот совет за меѓурелигиски дијалог.

Посебно две карактеристики се својствени за здружението „Назаретско дело“. Првата е откривање на Исус како човечки пат кон Бог. Исус претставува за „секој човек отворен пат за средба со Бог, да се воспостави со Бог однос и со Него да се пристапи во заедништво и на тој начин човекот да се пронајде самиот себеси“. Ние во целост се пронаоѓаме кога сме во целост деца на својот Отец, а тоа се случува благодарение на Исус: Тој затоа умре на крстот,истакна Папата, а потоа се осврна и на другата карактеристика.

И радоста го краси здружението „Назаретско дело“. Кога некој ќе открие дека Исус е патот, тогаш во неговиот живот влегува радоста. Во него останува засекогаш, а таа радост, вкоренета во нас, како што вети Господ, никој неможе да ја одземе. Радоста дека сме Господови ученици станува сведоштво, апостолат и мисионертво, објасни папата Фрањо.

Радоста дека во Исус е откриен патот ги поттикнува луѓето да бидат сведоци, апостоли и мисионери. Вие тоа го правите со незапалива, понизна и едноставна присутност, во назаретскиот дух во средините каде што живеете и работите, посебно на универзитетите. Во тоа ве охрабрувам и ви се заблагодарувам за сето добро кое, со Божја помош веќе го направивте, рече Светиот Отец.

Главна цел на здружението „Назаретско дело“, формирана 1964 година во Италија, е да направи секој во секојдневниот живот да го сретне Христос. Здружението, освен тоа, го поттикнува развојот на искуствата на делотворна љубов која, подржувајќи нови општествени иницијативи, одговараат на материјалните потреби на луѓето, местото и времето.

РВ/В.Н.

Категорија: Ватикан

За авторот