Голем број христијани во Каракош на северот на Ирак во саботата на 6 март во пресрет на доаѓањето на папата Фрањо кај нив се собраа на заедничко бдение.
Каракош е градче блиску до Мосул (недалеку од библиска Нинивија на пророкот Јона) во кој живеат сиро-католици, халдејски католици, асирски и сиро-јакобитски христијани кои сѐ уште го говорт дијалектот на Исусовиот арамејски јазик. Иако припаѓаат на различни обреди и Цркви од кои некои се католички, а некои староисточни, се држат заедно во надежта за подобро утре и со голема надеж го дочекуваат папата Фрањо кој ќе ги посети во недела на 7 мрт и ќе служи Божествена света Литургија на мнозинскиот источно-сирски или халдејски обред.
Многумина во бегство од тероризмот од т.н. Исламска држава дојдоа во тоа градче од сите страни на северен Ирак и Сирија и покрај сѐ останале таму да живеат, додека многумина побегнаа во земјите во Западна Европа.
Во близина на Каракош се наоѓаат историските сирски манастири како и светилиште со гробот на пророкот Јона кој во воените операции е разрушен. Оставени од остатокот на светот, тие сами се организираат во одбрана на своите домови и цркви. Тоа подрачје во почетоците на Црквата било татковина на некои големи црковни оци како што е црковниот научител светиот Ефрем Сириски (306-373) и теолошки училишта во градовите Едеса и Нисибис.
ика/к.мк