Бискупот Стојанов ја прими Генералната секретарка на Каритас Европа

Бискупот Стојанов ја прими Генералната секретарка на Каритас Европа

Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монс. Киро Стојанов, воедно и Претседател на Македонски Каритас на 18 јули 2023 година во бискупската резиденција на Водно ја прими Генералната секретарка на Каритас Европа, г-ѓа Марија Ниман, придружувана од Алесандро Кадорин од Италијански Каритас.

За време на срдечниот разговор бискупот Стојанов ја запозна г-ѓа Ниман со животот на Црквата во Македонија, како и за актуелните проекти и активности на Македонски Каритас. Во оваа прилика Претседателот на Македонски Каритас, монс. Стојанов изрази задоволство од соработката со Каритас Европа и Италијански Каритас.

Генералната секретарка на Каритас Европа г-ѓа Марија Ниман изрази благодарност до бискупот Стојанов за приемот и плодниот разговор, истакнувајќи ја подготвенота на Каритас Европа за понатамошна соработка.

Марија Ниман, Генералната секретарка на Каритас Европа, заедно со претставникот на Каритас Италија Алесандро Кадорин деновие престојуваат во работна посета во Македонија и подетално се запознаа со работата на Македонски Каритас.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот