Извештајот на ОН е идеологизиран од невладини организации кои застапуваат хомосексуални бракови
Набљудувачот на Светата Столица при канцеларијата на ОН во Женева реагираше на нападот на Комитетот на ОН за конвенцијата за правата на детето и неговиот извештај во кој се тврди дека политиката на Ватикан овозможила злоупотреба на деца. Во тој ист извештај Црквата се повикува да го промени ставот за абортусот, хомосексуалноста и контрацепцијата.
„Потполно негативно“ и „идеологизирано“ – така архиепископот Силвано Томази, набљудувач на Светата Столица при канцеларијата на ОН во Женева, го опиша денешниот извештај на Комитетот на ОН за конвенција за правата на децата (…)
(…) Како што рече архиепископот Томази, имајќи во вид дека и „еден случај на злоупотреба е премногу“, тој нагласи дека е тешко да се најде „институција или друга држава“ која во последно време направила толку многу за заштита на децата како Ватикан и националните епископски конференции.
Причина за изјавата на Томази беше објавениот извештај на ОН кој на невообичаено остар начин се обвинува Ватикан. Во истиот извештај ОН бараат од Католичката Црква да го промени ставот за абортусот, контрацепциските средства и хомосексуалноста. Ватиканската канцеларија за печат на 5 февруари објави соопштение во кое се изразува жалење „поради обидот на мешање во науката на Католичката Црква и нејзините верски слободи“.
Самиот архиепископ Томази рече дека Советот очигледно има потешкотии во разбирањето на католичката наука за заштитата на животот и правата на верниците да ги изразат своите ставови. Додаде дека оваа критика на ОН кон Католичката Црква е поради нејзиното одбивање да го прифати абортусот и е во спротивност со конвенцијата на ОН која се залага за заштита на децата како пред така и после раѓањето.
Инаку, Томази на 16 јануари во Женева пред членовите на Советот ја појасни позицијата на Ватикан во однос на заштитата на децата. За Радио Ватикан архиепископот Томази изјави како има впечаток дека ништо од она што го изложил на таа средба не е земено во обѕир при составувањето на извештајот.
-Мојот впечаток е дека поголемиот дел од овој извештај практично е составен пред тој состанок на 16 јануари и дека ништо од она што тогаш прецизно го изложив не е уважено. Имам впечаток дека поедини невладини организации кои се залагаат за хомосексуални бракови и слични прашања имале влијание на овој извештај и го направиле идеологизиран – рече Архиепископот.
Битно нет/С.С.