Ангел Господов: Како Марија, прифатете ги големите Божји дарови со восхит и едноставност

Ангел Господов: Како Марија, прифатете ги големите Божји дарови со восхит и едноставност

Во своето пладневно обраќање на празникот Безгрешно зачнување на Пресвета Богородица, 8 декември 2023 година, папата Фрањо го истакна восхитот од Божјите дела и верноста во едноставните работи како два става кои ѝ овозможија на Марија да го зачува своето срце без грев.

Воодушевеност за Божјите дела и верност во едноставните работи. Во својата пладневна проповед на празникот Безгрешно зачнување на Пресвета Богородица, папата Фрањо ги истакна тие два става на Пресвета Богородица кои ѝ овозможија да има срце целосно ослободено од гревот. Најпрво била изненадена и вознемирена кога слушна дека ја нарекуваат „благодатна“.

Тоа е благороден став: умешност за восхит на Господовите дарови, никогаш да не ги зема здраво за готово, да се цени нивната вредност, да се радува на довербата и нежноста што ја носат со себе. Исто така, важно е да го посведочиме ова восхитување на другите, зборувајќи понизно за Божјите дарови, за добиеното добро, а не само за секојдневните проблеми. Важно е да се биде попозитивен. Можеме да се запрашаме: дали знам да се восхитувам на Божјите дела? Дали понекогаш чувствувам восхит кон нив и го споделувам со некого? Или секогаш барам грди, тажни работи?

Едноставност

Марија е едноставна девојка – истакна Римскиот бискуп – која благодарение на својата едноставност го зачува чисто Безгрешното срце, по Божја благодат, со кое беше зачнато.

За да се прифатат големите Божји дарови, клучно е да се знае да се ценат оние секојдневните и помалку забележливите.

Со животот вежбајте да му кажете „ДА“ на Бога

Во секојдневната верност кон доброто, Богородица овозможила Божјиот дар да расте со неа. Таа вежбаше да му одговара на Господ, да му каже „да“ со целиот нејзнин живот.

Затоа, да се прашаме: дали верувам, во секојдневните ситуации, како и на духовниот пат, верноста кон Богае важна? И, ако верувам во тоа, наоѓам ли време да го читам Евангелието, да се молам, да учествувам во Евхаристијата и да добијам светинско простување, за некој конкретен гест на бесплатно служење? Токму овие мали секојдневни одлуки се одлучувачки за прифаќање на Господовото присуство.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот