Една од најважните одлуки кои ги донесовме на почетокот на нашата врска беше дека сакаме веродостојно да ја живееме нашата христијанска вера во сите сегменти на нашиот живот. Па така и во текот на врската.
Сакавме нашата подготовка за сите тие улоги кои ќе ни го донесе брачниот и семејниот живот да бидат навистина благословени. Тогаш не можевме да предвидеме што би можело да биде плод на таквата одлука, но верувавме во Бога дека секое наше прифаќање на било кој совет или барање кое се става пред нас е токму она најдоброто што би можеле да го избереме.
Да, тоа можеби е и онаа најубавото што на самиот почеток би можеле еден на друг да си го подариме. Благослов. А го даруваме кога еден на друг, не со вовлекување во грев, веќе си помагаме еден со друг во заедништво со Бог. Знаевме дека ако направиме било каков, па и најмал чекор кон Бог, Тој ќе направи небројно многу повеќе. Затоа што Бог неможе да се надмине во милостите, љубовта и великодушноста. Одењето во чистота пред бракот навистина крие во себе многу дарови и плодови. Се сеќавам како жива ја чувствував во своето срце почитта кон мојата идна сопруга и се радував на тој неопислив дар дека можеме и двајцата да го делиме живеејќи ја христијанската вера. На нас всушност не ни требаше долго време да ги усогласиме заедничките приоритети. Затоа што оној првиот беше заеднички.
Денес може да се слушне дека еден од тие наводни аргументи е потребно сѐ да испроба пред бракот, па дури тогаш да може да се донесе одлука дали сакаш да живееш со некого. Тоа всушност не е ниту логично, ниту пак е поврзано со искрената љубов. Достоинството на човековата личност не трпи „испробување“. Зошто да го давам онаа најубавото и највредното што го имам на некого кој калкулира со мене, кој не ме прифаќа потполно и кој не сака да ми се дарува потполно, веќе има некакво одлагање? И онака не е возможно да се предвидат сите ситуации однапред, па колку долго и да би траело одењето, затоа што низ животот секогаш доаѓаат нови искушенија кои се менуваат и по содржина и по интензитет низ времето на нашиот живот. Не е можно апослутно сѐ да се „испроба“ во време на адолесценција, затоа што потполно новата ситуација ќе дојде со секое наше дете, различни подеми и падови на подрачјето на работниот или финансиски живот, болести и друго. Но, она што секако го можеме и треба на почетокот да го „испробаме“ е подготвеноста на личноста на која планираме да се даруваме целите себе и да го довериме нашиот живот – да се следи Господа.
Оној кој не е подготвен да го следи Бог во сите сегменти на животот, тешко ќе биде столб за било што во животот. Затоа што човекот без Бога е слаб, изгубен и исклучиво се потпира на човечките сили со кои е невозможно да се одржи и да се зачува онаа заедништво какво што се очекува од брачните сопружници. Запознав многу девојки кои се жалат дека момчињата со кои одат долго никако да се одлучат за брак. Па зошто да се одлучат, ако сега веќе сѐ добиле, а за возврат ништо не се обврзани? И овде се случува можеби најтешкиот испит на верата во текот на одењето. Веруваш ли дека навистина ќе изгубиш било што ако се одлучиш да го следиш? Биди верен и во малку и во многу. Веруваш ли дека ќе примаш стоструко повеќе, доколку одлучиш да го следиш? Биди верен и во малку и во многу. Па набргу ќе откриеш што значи кога живееш со благослов. Затоа и во овој сегмент подготвеноста за апстиненција во текот на одењето е еден многу силен показател дека другата личност е пред твојата желба, која што е природна, знае на прво место да го стави тоа што е навистина најважно – верноста на Бог. А тоа навистина зборува многу за таа личност.
Денес не е лесно меѓу младите да се живее предбрачната чистота, затоа што опкружувањето го открива и оној изворен Божји план за човекот, човековата сексуалност, за бракот, за семејството. Но затоа е потребно свесно да се вложи напор и време за секој од нас со Божја помош да се избори и во тој простор да се подготви за брак. Па таа е најважната одлука во нашиот живот. И се согласувам, многу е важно да не направиме погрешен избор. Но, токму затоа е важно во тој сегмент да го вклучиме и Бог, преку молитва, учество во некоја од заедниците каде се собираат млади, преку духовни обнови, духовна литература. Ние се запознавме токму во една заедница на млади која се собираше во нашата парохија. И денес кога слушаме коментари колку е тешко да се пронајде некој кој не бега од одговорност, кој сака брак и семејство, одговарам дека тоа е работа каде се пробува да се бара таквата личност. Секако е полесно ако ја бараш внатре во некоја заедница во која личностите веќе го поставиле оној прв приоритет на вистинското место, на кои им е важна духовноста и растот во верата.
Бог одлучил да дојде и да се овоплоти токму преку семејството. Поминал низ сите етапи на човековиот живот, од зачнување па сѐ до смртта на крстот. Првото чудо го направил токму на една свадба. Сакал да ни нагласи колку бракот е важен и дека Тој е овде присутен со својата мајка. И дека може сѐ да сврти на добро, ако му дозволиме. Јас низ сите овие 16 години сведочам кои се плодовите на нашата најважна одлука во животот. И сѐ е распоредено добро, затоа што најважното го распоредивме во почетокот. Секако, не е доволно само да се започне, туку треба така и да се живее во согласност со нашата вера. Ако темелите се цврсти, тогаш куќата тешко можеме да ја срушиме. На денешниот свет му се потребни свети бракови. Богородица нѐ повикува да бидеме сведоци, да бидеме близу до Исус, да ја навестиме на овој свет убавината на бракот и семејството. За тоа е потребно само едно. Да го повикуваме Бог во нашето срце, во нашето семејство. Затоа што, ако Бог куќата не ја гради, залудно се мачи градителот. Ви посакувам мир и добро.
Крешимир Милетиќ/Гласник мира