Света Марија Маргарета Алакок

Света Марија Маргарета Алакок

Света Маргарета Марија Алакок, истакната личност за ширењето на побожноста кон Пресветото Срце Исусово не отсуствуваше од привлечноста кон молитвата, повлекувањето и молчењето, и покрај нејзиниот бурен карактер, а и нејзната љубов кон Евхаристијата, нејзиниот интерес за сиромашите и оние кои страдаат, со сигурност биле патот за да стигне до мистичната венчавка со Јагнето Божјо.

На Светата Тајна Миропомазание го одбрала името Марија и го додала на Маргарита, она од Крштението, и во 1671 година влегла во манастирот. Маргарита била многу напредна во молитвата и во духовниот живот; невозможно било за неа да ги следи методите за медитација предвидени за новите кандидатки, од моментот кога го достигнала она што мистичните автори го опишуваат како молитва на едноставноста; го почувствувала присуството на Нашиот Господ на речиси чувствителен начин, го гледала честопати пред себе крунисан со трње, и се чувствувала водена од неговиот глас. Сето ова ја поттикнувало да бара „понижување и самоодрекување“, и ги наоѓала во работата која ѝ била доделена во манастирот.

Маргарета била бавна и несмасна, а можеби исто така и малку расеана, и затоа, нервирајќи ја медицинската сестра на која требала да ѝ биде асистентка, често била презирана и исмејувана. Подоцна ги примила заветите и, како беше подоцна напишала: „Нашиот Господ се удостои да ја прими како своја сопруга, но на начин кој таа самата се чувствувала неспособна да го опише“. Малку подоцна било кога Маргарета Марија го примила првото од виденијата кои ја направија славна. Клечела пред Пресветата Евхаристија, кога слушнала како Господ зборува „на таков едноставен и ефеткивен начин што не оставало простор за сомнеж; и ова бил еден голем плод на благодатта, бидејќи секогаш имам страв самата себе да се прелажам за она што верувам да слушам во својата внатрешност“. Откако ѝ рекол дека треба да биде инструмент за ширење на љубовта кон Пресветото Срце Исусово и да го запознае со целиот свет, Господ се чинеше како да и го зема срцето, соединувајќи го со Своето и враќајќи ѝ го «распламтено од божествената љубов».

Во следните осумнаесет месеци добила повеќе виденија кои ја збогатиле онаа основната порака: Пресветото Срце требаше да биде претставено како едно срце од месо; таа и другите би требало да го поправат ладното однесување и навредите кои Исус ги добивал во замена на својата љубов; посебен празник требало да се воспстави во осмината од празникот „Тело Христово“; побожните католици би требало да примаат света Причест секој прв петок во секој месец, и да поминуваат еден час во молитва секоја четврток вечер во сеќавање на Христовата агонија во Гетсеманската градина.

Кога Маргарета Марија Алакок се обидела да ги изврши овие инструкции се сретнала со силна опозиција, па дури и непријателство, од генералната и некои други сестри. Некои теолози, повикани да се произнесат за овие виденија, констатирале дека станува збор за илузии и ѝ советувале да јаде повеќе. Таа нашла поддршка од света Клаудиј од Коломбиер (15 февруари), исповедник во манастирот, а подоцна и еден од првите кои ја следеле да ја шири оваа побожност, но искушенијата за Маргарета не биле завршени.

Кога во визијата ѝ било побарано да се жртвува за недостаток на духовни звања во нивната заедница и заради неблагодарноста на некои монахињи кон Пресветото Срце, некои членови од заедницата, како што и се очекувало, се потсмевале на начин на кој Маргарета Алакок се претставувала самата себе (и нивното незадоволство не престанало никогаш) и, покрај овие надворешни искушенија, таа страдала исто така и душевно: силни искушенија на очај, вообразеност и простување кон самата себе; проблеми со здравјето.

Марија Царица на светот/З.А.

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот