Заврши 21. заседание на Кардиналскиот совет

Заврши 21. заседание на Кардиналскиот совет

Ватиканските вработени би требало да бидат помалку клерикални, повеќе меѓународни, со поголемо учество на млади и жени – посакува Кардиналскиот совет. Освен што разговараа за промена при изборот на ватиканските вработени, членовите на Кардиналскиот совет на своето 21. заседание, кое започна во понеделник 11 септември, а заврши на 13 септември 2017 година, разговараа и општо за реформите на Куријата.

Кардинал Фернандо Филони и надбискупот Салваторе Физикела известија за работата на нивите дикастерии, односно Конгрегацијата за евангелизација на народите и Папскиот совет за промовирање на нова евангелизација. Кардиналот од Хондурас Оскар Мандрес Родригез Марадијага понуди преглед како Папата ја замислува Куријата, додека американскиот кардинал Сеан Патрик О’Малеј извести за работата на Папската комисија за заштита на малолетниците. На средбата станало збор и за Апостолските нунцијатури, како и за статутите на дикастеријата за лаици, семејство и живот, која е формирана на 1 септември 2016 година.

Двајца редовни членови на Кардиналскиот совет, кардинал Џорџ Пел и кардинал Лаурент Монсенгво Пасини, не можеа да учествуваат во работата на советот. И самиот Папа беше отсутен од некои седници, бидејќи до понеделник беше во апостолска посета на Колумбија, додека во среда пак имаше Генерална аудиенција на плоштадот Свети Петар.

Следното заседание на Кардиналскиот совет ќе се одржи од 11-13 декември оваа година.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот