Достоинството на децата во опaсност – предупредува Светиот Престол

Достоинството на децата во опaсност – предупредува Светиот Престол

Достоинството на нашите деца е во опасност, а најголемиот интерес на малолетниците треба сегаш да биде приоритет – истакна надбискупот Иван Јурковиќ постојан набљудувач на Светиот Престол зборувајќи за правата на децата, на 5 март 2018 година, на 37. заседание на Советот за човекови права.

Достоинството на нашите деца е во опасност, а најголемиот интерес на малолетниците треба сегаш да биде приоритет, во секој контекст – истакна надбискупот Иван Јурковиќ постојан набљудувач на Светиот Престол при Организацијата на Обединетите нации во Женева, зборувајќи за правата на децата, на 5 март 2018 година, на 37. заседание на Советот за човекови права. Осврнувајќи се за 70 годишнина од Универзалната декларација за човекови права која се одбележува ова година, надбискупот ја повика меѓународната заедница, владите и граѓанското општество на соработка во заштитата на децата, и тоа без поставување на посебни услови, и со свест дека иднината е во рацете на децата.

Хуманитарните катастрофи погодуваат 535 милиони деца

Надбискупот потоа потсети на зборовите на папата Фрањо кој во 2013 година ги упати до учесниците на Социјалната недела на италијанските католици, кога рече дека народот кој не се грижи за своите стари луѓе, за децата и младите нема иднина, затоа што на тој начин тој штети и на сеќавањето и на ветувањето. Навистина, според податоците кои ги наведе надбискупот Јурковиќ иако е направен одреден напредок, многу загрижувачки факт е дека во 2017 година околу 535 милиони деца биле погодени од хуманитарни катастрофи. Вооружените конфликти, локалните екризи и природните непогоди сето тоа поттикнува бранови на бегалци и мигранти надвор и внатре во сопствените земји – истакна надбискупот Јурковиќ

Можни жртви на искористување

Недолжните деца кои често припаѓаат на етничките и верските малцинства премногу често се наоѓаат меѓу мигрантите и бегалците, а така секогаш им се заканува опаснста да станат жртви на несовесни поединци и организации, да бидат подложени на насилство, вклучени во криумчарење, сексуално искористување, присилна работа, трговија со органи или пак да бидат вовлечени во вооружени конфликти. Станува збор за ситуации кои имаат многу силно влијание на растот, формацијата и психофизичкиот развој на цели генерации.

Опасноста од „загубена генерација“. „Не“ на културата на отфрлањето

Тие деца по раѓањето често не се запишани во матичните книги; затоа ако не се покрене постапка за едукација и развој можат да станат загубена генерација – истака постојаниот набљудувач на Светиот Престол при ООН во Женева и додаде дека најдобриот лек е превенцијата, а таа го опфаќа пристапот на граѓанското право, здрвстсвената заштита, образованието и промовирањето на културата на човековите права. Меѓународната правна рамка за заштита на децата веќе е одредена, треба само да се примени – предупреди надбискупот Јурковиќ и изрази желба секое дете да може да го ужива човечкото достоинство кое Бог му го дарувал. Надбискупот на крајот ги поттикна сите да не ја прифаќаат културата на отфрлање која го погодува нашиот свет и поттикнува алчност, корупција, насилство, војни и уништување на животната средина.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот