Живеј го сегашниот миг

Си бил еден крал кој сиот живот водел битки за да ги прошири границите на своето кралство. Во шеесетата година сфатил дека не ја пронашол смислата на животот на земјата. Го повикал советот од своите министри и им заповедал: „Земете ги сите пари од моите ризници и упатете се кон четирите страни на светот. Донесете ми ги најмудрите книги за да ја запознаам вистинската смисла на животот.“

Советниците зеле вреќи со пари и тргнале на сите четири страни од светот. По седум години се вратиле со четириесет камили натоварени со разновидни мали и големи книги. Пред кралот се нашол куп книги. Кога ги здогледал, кралот рекол: „Имам шеесет и шест години, не е можно сите да ги прочитам. Направете ми нивно скратено издание!“

Пронајдени биле највештите светски читачи, кои започнале со работа. За седум години направиле скратено издание на целокупната светска мудрост. Тоа беше товар кои го носеа седум камили.

„Седумдесет и три години имам“, рече кралот. Немам време да ги прочитам сите тие книги. Скаратете го и ова едно скратено издание.“ Направиле како што им заповедал. За седум години бил напишан товар книги кои пред кралот ги донела една камила.

„Имам осумдесет години“, рекол кралот. „Здравјето ми е нарушено, очите уморни. Нема да бидам во можност да ги прочитам. Скратете уште!“

Токму тој час дошол слугата и им рекол на мудреците: „Бргу донесете ја книгата, кралот е на умирање!“ Имал осумдесет и седум години.

Најмудриот меѓу мудреците му се приближи на кралот кој се наоѓал во смртна агонија. Кралот тивко му шепнал: „Скрати се’ во една реченица.“

„Живеј го сегашниот миг“, рекол мудрецот.

Повеќето од нас нема да примат награда за животно дело, нема да станат милионери, нема да пеат на Евровизија, нема да бидат избрани  за претседател, нема да добијат Нобелова награда. Но, сите можеме да уживаме во малите животни нешта. Може да се ужива во бакнеж, во пријателски поздрав, во прошетка по месечината. Радост на човек може да му донесе слободно место на паркингот, пламенот на дрвцата во каминот, прекрасниот сончев пејсаж. Уживај во малите убави нешта. Животот на сите ни ги нуди во изобилство. (Превод:Е.А.)

 Бруно Фереро

Категорија: Размислување

За авторот

Write a Comment

<