Еросот и Евангелието (3 дел)

Чистотата како еротска крепост

На некои можеби ќе им звучи како необично, но Марион во овој контекст ја споменува девственоста и сексуалната воздржливост во нивната еротска димензија. Површно гледајќи веднаш би можеле да се запрашаме: „Зарем постои некоја врска помеѓу еросот и девственоста?“, но навлегувајќи во подлабоко разбирање, се открива изненадувачка врска помеѓу тие две нешта. Таа оди до таму што Марион чистотата ја нарекува „еротска доблест par excellance“. За што се работи можеме накратко да видеме само на примерот на феноменот разговор. Во разговорот екстатичната љубовна привлечност излегува кон другата личност, плодно се развива само ако другата личност покаже слободна расположливост, доведува до динамичен сооднос, остварување простор за другиот и уживање на едниот во другиот. Со тоа се зајакнува личноста и се постигнува помирување со сопственото тело. Лицата на личностите најубаво блеснуват во средбата со расположен разговор, ослободен од користољубие, проткаен со емоции, во блиска топлина. Во разговорот всушност се остваруват сите димензии на еротскиот феномен, освен телесното соединување. Се случува еротизација ослободена од автоматизмот и прекинот. Од ова место можно е да се размислува и за специфичната чистота и радосната еротичност на пријателската и родителската љубов. Сексуалниот чин, не е неопходен за да ја искуси личноста убавината на еротизмот. Токму чистотата се покажува како најбрз пат до вистинското остварување на еротскиот феномен. Може дури и да се каже дека личностите кои ја живеат чистотата во слобода се еротски понапредни личности. Зборувајќи вака Марион е потполно свесен дека поимот ерос е заразен и често изнакажан, и дека ваквиот говор за воздржување може да се чини бесмислен, но тој сеедно не сака да отстапи од автентичниот ерос и од враќањето на достоинството на тој поим. Накратко би можело да се каже дека силата на вистината за еросот е посилна од лагата во кој го маскираат. Карневалот може да биде интересен, но набрзо досадува зошто „нема ништо пофантастично од стварноста“.

Фактот дека еротизмот може среќно да се развива и без сексуален чин или со извесно оддалечување од него, е значајна порака не само за лицата кои живеат девствено и во целибат. Воздржаноста донесува слобода од автоматската еротичност и онаа еротичност која е спротивна на внатрешните законитости на човечката личност. Таа е нужна за секоја личност за да може среќно да ја живее сопствената половост и остварување на љубовта. На оние кои ја прифаќат библиската објава ова изнесување на научната феноменологија сигурно ќе им помогне во разбирањето на вредноста на предбрачната чистота, врската на брачниот чин со отвореноста кон животот и вредностите на воздржување од истополниот чин, од сексуалните перверзии и порнографија.

Заклетва

Следејќи го овистинувањето на еротскиот феномен кој се остварува и на полово ниво, потребно е да се соочи со проблемот на запирање на еротизацијата. Феноменолошката анализа на францускиот филозоф овде се занимава со исклучително интимниот вид на оваа човекова стварност, а при тоа да не биде „еротика“, како што се сфаќа денес. Неговото верно следење на вистината на феноменот, ја уочува опасноста која се раѓа после кулминацијата на половото соединување. Таа опасност е: сведување на личноста на објект. На таа опасност потребно е да се одговори со реафирмација на личноста по пат на чинот на слободна волја, при што повторно е потребно да се тргне од другиот кој од нас бара почитување и љубов. Пред другиот потребно е да се потврди автентичноста на сопствениот љубовен исчекор (avancea), се заколне и со тоа се потврди љубовниот исчекор. При тоа неможно е да бидеш потполно сигурен во љубовта на другиот (овде свое место добива и љубомората како исклучителна љубовна манифестација која во име на љубовта од другиот бара да остане верен на себе си). Но и покрај несигурноста во другиот, единствениот пат сепак е заклетвата, и тоа дека сум сигурен оти и заклетвата на другиот е веродостојна. Без вистинска заклетва еросот овде би престанал да биде во служба на доброто за личностите, а со тоа би бил и испразнет од самиот себе и повеќе не би служел во свое име. Слично како и во претходните неколку чекори на еротскиот феномен, и тука единствено преку парадокс тој може да продолжи со остварувањето. Токму пред парадоксот заклетва се потврдува веродостојноста на она што е навистина заклетва, со тоа што е верен и што е вечен. Автентичната и верната заклетва која се донесува под вид на вечноста прави антиципирачка конечна одлука. Јасно е дека овде Марион упатува на внатрешната логика на бракот. Поради тоа неговото откритие за значењето на заклетвата за еротскиот феномен можеме вака да го искажеме: единствено доживотната брачна заедница дава стабилност на половото остварување на еротскиот однос помеѓу маж и жена. Стабилноста е таа која гарантира долготрајна среќа при половото соединување. Без траен брак, среќен развиток на еросот не е можен и без силата на крепоста чистота.

Со трајната заклетва и стабилното взаемно дарување, поврзана е и отвореноста кон животот. Детето, имено, е сведок на трајноста на взаемната љубов. Тоа само по себе не може да гарантира среќен крај на таа љубов, но секако дека ја зацврстува.

Преземено од Битно нет/Превод.И.П.

Еросот и Евангелието – 1 дел

Еросот и Евангелието (2 дел)

Еросот и Евангелието (3 дел)

Категорија: Колумни

За авторот

Write a Comment

<