Епископските конференции ги испратија одговорите од прашалниците
На 24 и 25 февруари е одржана седница на редовното собрание на Епископската синода, јави Канцеларијата за печат при Светата Столица. На седницата е разговарано за резултатите од истражувањето кое започна во октомври 2013 со праќање на прашалници до Епископските конференции во целиот свет, а поврзани за семејството. Процентот на одговори е многу висок. При тоа се додадени и забелешките на поединци и заедници од сите делови на светот.
Со собранието во понеделник 24 февруари претседаваше Светиот Отец, кој и на тој начин ја истакна важноста која ја дава на структурата на Синодата, како израз на епископското заедништво и темата за која ќе се расправа на следната вонредна Епископска синода во октомври 2014 година, како и редовната Епископска синода во 2015 година.
Нацрт содржината од пристигнатите одговори беше еднодушно прифатена. Од тоа може да се предвиди гласот на Црквата во сите нејзини составни делови и во разните ситуации и околности, како во поглед на потребата со нов елан и начин да се навестува евангелието на семејствата, така и во поглед на предизвиците и тешкотиите поврзани со семејниот живот и моменталната криза.
Забелешките изнесени за време на расправата во предвид ќе ја има изработката на нацрт работен докумет со опис на содржината од прашалниците (Instrumentum laboris) кој ќе послужи како основа за работата на синодата. Истакната е обединетост на двете предвидени етапи за синодалното размислување за семејството, кое има за цел на Светиот Отец на крајот од редовната Синода да му се дадат предлози врз чија основа тој покасно ќе го состави своето Апостолско писмо.
Во оваа прилика папата Фрањо го благослови новиот дел на седиштето на Генералниот секретаријат на Епископската синода со капелата, како и новите работни простории, стои во соопштението од Светата Столица.
Лаудато/го*ко