Папата Фрањо од Ватикан ги следи духовните вежби во Аричи

Во писмото до проповедникот на духовните вежби кои започнаа на 1 март 2020 година попладне во Аричи недалеку од Рим, Папата напоменува дека се моли за собраните членови на Римската курија и ги благословува и истакна дека од својата соба ќе ги следи проповедите на исусовецот Пиетро Бовати. Во центарот на неговите размислувања е Мојсеј, човекот кој го искусил пријателството со Бог.

Можеме да бидеме занаетчии на светото или пријатели со Бог; клучот е во тоа како ја живееме молитвата, единствената „вежба“ која созданието го доведува до најскирената врска со Создателот. Патер Пиетро Бовати, теолог на Папската библиска комисија и во текот на оваа седмица проповедник на духовните вежби за Римската курија за Великиот пост, започна во неделата попладне серија размислувања оцртувајќи ја духовната „рута“ која ќе трае до петок 6 март. Таа „рута“ папата Фрањо ја следи од домот Света Марта.

Во неделата, на почетокот на духовните вежби, патер Бовати ја прочита кратката порака во која настинатиот Папата, обраќајќи се до учесниците, им напиша дека ги следи од домот Света Марта. Ќе ги одржам духовните вежби во својата соба, следејќи ги проповедите на патер Бовати, на кој му се заблагодарувам. Се молам за сите вас; ве молам правете го и вие тоа за мене – истакнува Папата.

Молитвата е „пат“ кој ги следи „божествените траги“, а амблем за тоа движење е Мојсеј – истакна и повтори патер Бовати. Кога патријархот, како што проповеда Книгата Исход, се упатува во шаторот на состанок, тоа е – истакна проповедникот – „патување на желбата“, напуштање на сè за да се сретне Бог, а облакот кој слегува над шаторот додека Мојсеј се приближувал е знак на Севишниот кој му д воаѓао пресрет. Тоа ја превртува прилично раширената замисла – вели патер Бовати, која молитвата ја поистоветува со зборовите кои човекот ги упатува до Господ, речиси како облик на рецитација, додека вистинската молитва, напротив е пророчко искуство заради кое човечкото создание може во тишина да го слуша Господовиот глас. Станува збор за искуството „лице во лице“ во кое како што вели Библијата, Бог му зборува на Мојсеј „како пријател.“

Близината со Бог нема врска со искуството во верските прашања, а ниту со добрата теолошка или библиска култура. Тоа е исклучиво плод на вистинската молитва, во која на човекот му е дадено да ја види и да ја искуси грижливата Божји промисла, неговата благотворна волја која треба конкретно, подготвен и великодушно да се оствари. Без тоа искуство близината нема вистински верски живот – напоменува проповедникот, туку само во најдобар случај искуство со светите работи.

Секако таа близина не може да се импровизира, таа е цел на целиот процес. Таа во одредена смисла е преобразување слично на она кое Мојсеј го доживува во искуството со грмушката. За да се постигне таа близина со Бог – смета патер Бовати – потребно е повеќе пати да се доживее искуството на огнот, а грмушката може да ја претставува личноста во својата кревкост, слабост и беда како таа грмушка која меѓутоа е обвиена со вечната сила на животот односно огнот.

Не станува збор за тоа по пат на некоја пригодна побожност едноставно повторно да заживее мал пламен на нашата душа, туку за прифаќање на нови ангажирања за вистината, и искрена отвореност на срцата, дар кој Исус доаѓа да го донесе на светот – рече проповедникот и додаде, кога рекол: „Јас дојдов да фрлам оган на земјата и колку би сакал да се беше веќе разгорел“ (Лк 12, 49).

Тој е огнот кој постојано е потребен во денешниот свет, во кој – рече исусовецот – се гледаат итните духовни потреби, дури драматични, кои ја бараат духовната сила на оздравување која само Бог може да ја даде. Црквата секогаш е желна духовно да се обновува; повикана е на процес на реформа која сигурно не може да се ограничи на дисциплинарни и административни мерки, затоа што Духот поттикнува пориви кои само светите можат да ги прифатат. Тоа што можеме да го направиме сега, свесни за својата одговорност за верниците е да се „искачиме во горната одаја“, како што стои во Делата на светиет Апостоли, и во тајност, во постојаност и сложни во молитвата понизно да ја чекаме силата на Светиот Дух, која ќе слегне според ветувањето на сите кои молат.

На крајот патер Бовати се осврна на Мојсеј кој ги соблекува чевлите приоѓајќи на грмушката во пламен. Станува збор за запирање пред божественото, тоа е повик да застанеме и да не го растресуваме срцето со други мисли, туку со сите сили на срцето да се фокусираме на средбата со Бог.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот