Епископот Стојанов оствари средба со деканите на Скопска бискупија и Струмичко – скопска епархија

Епископот Стојанов оствари средба со деканите на Скопска бискупија и Струмичко – скопска епархија

Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх, монс. д-р Киро Стојанов на 24 септември 2020 година го продолжи декретот за декан на Струмичко – скопската епархија на о. д-р Зоран И. Стојанов, додека за декан на Скопската бискупија го именува дон Паво Шекерија. По тој повод тој оствари работна средба со двајцата декани.

На средбата станало збор за актуелната ситауција со пандемијата од коронавирусот во парохиите од Скопска бискупија и Струмичко – скопската епархија, како и за пасторалниот живот во време на пандемијата. Истакното е доследното спроведување на мерките во парохиите за заштита од корановирусот, согласно мерките од надлежните институции.

На крајот од средбата е потенцирана важноста од близината со верниците и заедничката молитвата во семејствата и парохиите.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот