Епископот Стојанов на Велики Четврток служеше во струмичката катедрала

Епископот Стојанов на Велики Четврток служеше во струмичката катедрала

Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монсињор Киро Стојанов на Велики Четврток 2 мај 2024 година во заедништво со свештеници од Струмичко – скопската епархија во Катедралата „Успение на Пресвета Богородица“ во Струмица служеше света Василиева Литургија со Вечерна, на која освети миро и на 12 избрани верници го изврши обредот миење нозе.

Во својата проповед се осврна на Светата Тајна свештенство и светата Евхаристија при што истакна дека свештениците се повикани да бидат благовесници Христови и да навестуваат необично важна порака посебно во ова наше време. Цитирајќи го папата Фрањо рече дека темел на свештеничкото служење е молитвата. Затоа и ги повика верниците да се молат за духовните лица, затоа што Црквата има потреба од храбри, скромни, силни и свети свештеници.

Во продолжение епископот Стојанов зборуваше за светата Тајна Евхаристаија во која Христос се дарува за нас, за да остане трајно со нас во лебот и виното искажувајќи ни ја својата неизмерна љубов кон нас.

Епископот Стојанов во оваа прилика им го честита празникот на сестрите Евхаристинки и се заблагодари за нивата посветеност служејќи му на Исус присутен во Евхаристијата.

Обраќајќи им се на дванаесетте верници избрани за обредот миење нозе, кои симболично ги пртставуваат дванаесетте апостоли епископот Стојанов ги повика да бидат пример за христијански живот во нивната средина.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот