Папата се заблагодари на болницата Џемели

Папата се заблагодари на болницата Џемели

По напуштањето на болницата Џемели минатата недела, папата Фрањо се заблагодари на медицинскиот персонал кој му помогна да се опорави.

Пораката е упатена до претседателот на универзитетската болница, Карло Фрати Пасини, при што му се заблагодари за укажаната грижа и внимателниот пристап кон лицата, со кој им се влева утеха и надеж во моментите на искушенија.

Како што напиша, тој му се заблагодарува на големото семејство на болницата Џемели за срдечната грижа поради што се чувствуваше како дома. Јас лично видов колку се важни човечката чувствителност и професионалност во здравствената грижа. Сега носам во моето срце многу лица, приказни и ситуации на оние кои страдаат, истакна Папата.

Додека се опоравуваше од операцијата на дебелото црево, тој истакна дека лично го доживеал пристапот на Поликлиниката, која се грижи не само за телото, туку и за срцето. Молам оваа сеопфатна и внимателна грижа за луѓето секогаш да биде земена во предвид, рече папата Фрањо, нагласувајќи дека е благодарен што можеше лично да се увери во тоа.

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот