За време на светата архиерејска Литургија, на 28 август 2022 година, на празникот Успение на Пресвета Богородица, која бискупот Стојанов ја служеше во Катедралната црква во Струмица го воведе во служба новиот катедрален парох протојереј ставрофор отец Спасо Ристов, кој во оваа прилика пред верниот народ вети верност на Црквата. Епископот Стојанов ја истакна сложеноста на свештеничката служба, поради што ги повика верниците да се молат за свештениците.
Потоа владиката Стојанов упати благодарност до протојереј ставрофор отец Горги Трајков за неговата 49 годишна свештеничка служба и за сѐ целиот негов придонес кој го даде на Црквата во Македонија. Отец Горги Трајков пак од своја страна се заблагодари на епископот Стојанов за довербата и поддршката, како и на сите оние кои го подржуваа во сите тие години.
Новиот катедрален парох отец Спасо Ристов, претставувајќи го и својот капелан о. Трајче Ташев посака од верниците заеднички да продолжат во изградбата на Црквата Божја.
Ватикан њуз/к.мк