Епископите во Полска ја поздравија пресудата на Уставниот суд за забрана на абортусот на болно дете
Епископската конференција на Полска ја поздрави одлуката на Уставниот суд со која една од одредбите во Законот за абортус кој е на сила од 1993 година ја означи за неуставна. Станува збор за одредбата порзана со селективниот абортус врз основа на проценка на можна малформација на плодот. Останатите две одреди – абортус дозволен во случај на силување, на инцес или загрозување на здравјето/животот на мајката и понатаму се во сила.
Со 11 гласови за и 2 против Уставниот суд на Полска пресуди на 22 октомври дека доброволниот прекин на бременоста заради тешка малформација на фетусот го крши Уставот. Пресудата следуваше како одговор на жалбата која во 2019 година ја поднесоа 119 застапници, а според која законот ги крши уставните начела кои го штитат животот на секој поединец. Судиите ја донесоа одлуката за противуставноста на одредбите затоа што прекршуваат три члена од уставот меѓу останатото оној за правото на живот (член 38).
Католичката Црква во Полска и владејачката партија Право и правда која во 2019 година повторно предложија проверка на уставноста на законот за абортус, го изразија своето задоволство за оваа одлука. Од друга страна во Варшава и во другите градови во Полска во четвртокот на 22 октомври опозициските партии се собраа на протести против забраната за абортус во случај на малформација или болест на фетусот, сметајќи дека тоа значи целосна забрана на абортусот во Полска затоа што тој сега ќе биде дозволен само кога е во прашање злосторството силување или инцест или загрозен живот на мајката.
Претседателот на Епископската конференција на Полска Станислав Гадецки во четвртокот оцени дека станува збор за „историска законска измена“ која потврдува дека поимот „живот кој не е достојно да го живееш“ во целост се спротивставува на начелото на демократска правна држава. Присетувајќи се на зборовите на свети Иван Павле II според кои демократијата и добрината на општеството се мери според нивниот однос кон најслабите, надбискупот Гадецки нагласи дека „секој кој има совест е јасно колку е варварски на некој да му го негираш правото на живот посебно затоа што е болен. Децата и нивните семејства мора да имаат прилика да ја искусат наклонетоста и вистинската грижа на државата, општеството и Црквата“, истакнува надбискупот Гадецки.
Надбискупот на Краков Марек Једрасзевски ја коментираше одлуката на Уставниот суд на светата Литургија за светиот папа Иван Павле II во неговото светилиште во Краков, не сокривајќи го задоволството од одлуката на Уставниот суд. Истакна дека судиите на Уставниот суд покажаа „храброст и почит.“
Инаку во 2019 година речиси од сите регистрирани абортуси во Полска се направени заради оштетување или болест на ембрионот, конкретно 1074 од вкупно 1100.
Ватикан њуз/к.мк