Едноумието го уништува христијанскиот идентитет
Едноумието, хуманизмот кој го презема местото на Исус вистинскиот човек го уништува христијанскиот идентитет. Да не ја ставаме на аукција својата лична карта – поттикна Светиот Отец во проповедта на светата Литургија на 16 ноември во капелата на домот Света Марта.
Осврнувајќи се на литургиското читање од Првата книга Макавејска која зборува за „коренот на гревот“ кој се појави во оние денови: еленистичкиот цар Антиох Епифан на избраниот израелски народ односно на тогашната Црква наметнува пагански обичаи. Папата коментираше „слика за корењата во земјата“. Феноменологијата на коренот е ова: Не се гледа, изгледа како да не прави зло, а потоа расте се појавува, ја покажува својата реалност – рече Папата.
Зборувајќи пак за однесувањето на царот рече дека „бил разумен корен – образложение“ кој ги поттикнувал Израелците да склопат сојуз со соседните народи за да се заштитат: Зошто такви разлики? Затоа што откако се разделивме од нив многу зла ни се случија: Одиме со нив, да бидеме еднакви! Светиот Отец литургиското читање го толкуваше со следите три збора: световност, отпадништво и прогонство! Световноста е да го правиш истото што и светот го прави, а тоа значи: на аукција да го ставиме својот идентитет – еднакви сме сите. Многу Израелци така ја негирале верата и се оградуваат од светиот Сојуз. А тоа што изгледало многу разумно – ние сме како и сите еднакви со другите – станува уништување – истакна Светиот Отец.
Царот потоа заповедал во неговото царство да биде само еден народ – едноумие; световност – секој морал да ги напушти своите обичаи. Сите се покориле на заповедите на царот; и многу Израелци го прифатиле култот на царот: жртвувале на идоли и не ја почитувале саботата. Отпадништво. Световноста води во едноумие, во отпадништво. Разлики не се дозволени: сите сме еднакви. А во историјата на Црквата, во историјата сме виделе мислам на одреден случај на верскиот празник му е променето името – го промениле името на Божиќ – за да го избришат идентитетот – истакна Папата.
Во Израел се запалени книгите на Законот, а ако некој се покорувал на Законот бил осудуван (осуден) на смрт. Тоа е прогон започнат од отровен корен. Секогаш ме погодувало тоа што Господ на Последната вечера во онаа долга молитва молел за единство на своите и барал Отецот да ги ослободи од секаков световен дух, од секаква световност, бидејќи световноста го уништува идентитетот; води во едноумие – рече Папата додавајќи:
Започнува од мал корен, а завршува во грозен пустош во прогон. Таа е световна илузија и затоа на Последната вечер Исус го молеше Отецот: Оче не те молам да ги тргнеш од светот, туку чувај ги од злото, од световниот менталитет, од тој хуманизам кој го презема местото на вистинскиот човек Исус Христос, бидејќи на нас христијаните ни го одзема идентитетот, донесува едноумие, а оправданието е: Така прават сите, зошто не и ние? Тоа во ова време нè поттикнува на преиспитување: каков е мојот идентетитет? Христијански или световен? Се нарекувам христијанин, бидејќи сум крстен или затоа што сум роден во христијанска земја каде што сите се христијани? – рече Папата.
Световноста постепено влегува, расте, се оправдува и заразува: расте како и коренот, се оправдува – да бидеме како и останатите, не сме многу различни – секогаш бара некакво оправдување, а на крајот заразува и од каде што потекнуваат бројни зла – рече Папата.
Овие денови на свршетокот на литургиската година, Литургијата нè поттикнува да се чуваме од отровните корења кои разделуваат од Бог. На Бог да се молиме за Црквата да ја чува од секој облик на световност, секогаш да го чува идентитетот кој и го дал Исус Христос: да го чуваме идентитетот кој сме го примиле во крштението, да се спротивставиме на менталитетот на изедначување со другите. Нека Господ ни даде милост да го задржиме и сочуваме својот христијански идентитет, да ја отфрлиме световноста која расте, се оправдува и заразува – заврши Папата.
РВ/к.мк/Д.И.