Единствен начин за надминување на стравот е верата

На 7 март започна вториот ден од духовните вежби за папата Фрањо и Римската Курија во Аричи под водство на о. Ермес Рончи. Центарална точка на утринското размислување беше Исусовото прашање „Зошто се плашете? Како да немате вера?“

Стравот и верата се антагонисти кои вечно се во конфликт во човечкото срце – рече о. Рончи. Библијата од глава во глава повторува: „Не плаши се!“ Ставот не е толку отсуство на храброст – рече – колку што е „недостаток на доверба.“ А се плашиме од Бог затоа што имаме погрешна слика за Него како Адам и Ева кои – според о. Рончи – верувале во „Бог кој лишува од слобода“, а не во Бог Кој „нуди можности“, во Бог на кој му е „поважен неговиот закон отколку радоста на неговите деца“, во Бог од чиј суд треба да се побегне наместо да му се трчи во пресрет; накратко – рече – верувале во Бог на кој не може да се довериш.

Првиот грев е гревот против верата. А од погрешната слика за Бог се раѓа стравот над сите други: од лицето на страшниот Бог се плаши Адамовото срце. Исус пак дојде за да го исполни со светлина и сонце – рече водачот на духовните вежб. Се плашиме кога се чувствуваме напуштени и кога ни изгледа дека „Бог спие“, а ние би сакале Тој веднаш да интервенира“. „Бог не делува наместо нас, не нè извлекува од бурата, но нè поддржува внатре во неа“ – рече о. Рончи, потсетувајќи на зборовите на Дитрих Бонхофер: Бог не спасува од страдањето, туку во страдањето, незаштитува од болка, туку во болка, не спасува од крст, туку на крст.

Исус нè учи дека единствен начин за надминување на стравот е верата. Посланието на Црквата е да ослободи од стравот заради кој ставаме различни маски пред ближните, соработниците, поглаварите. Кој пренесува вера не треба да влезе, туку да ослободува од стравот – рече водачот на духовните вежби.

Според мислењето о. Рончи Црквата „долго пренесувала вера помешана со стравот“, што се покажува во „парадигмите за вината и казната“ наместо „процвет и полнина.“ Стравот е роден во Адам затоа што не можел да го замисли милосрдието и неговиот плод: радоста. Стравот – продолжи отецот – резултира со тажно христијанство и Бог без радост. Да се ослободува од стравот значи активно да се делува за да се отстрани тоа бреме од срцата на луѓето. Треба – заклучи – да се премине од непријателства во гостољубивост, од „од ксенофобија на филоксенија“ и „да се ослободат верниците од стравот од Бог.“

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот