Миграција – во центарот на разговорот на папата Фрањо со малтешкиот претседател Вела

Миграција – во центарот на разговорот на папата Фрањо со малтешкиот претседател Вела

Покрај појавата на миграција во Европа, во која силно се ангажираат Црквата и малтешките власти, за време на срдечниот разговор, учесниците се осврнаа на добрите односи меѓу Светиот Престол и Малта, придонесот на Католичката Црква во областа на образованието, животната средина и состојбата на Медитеранот

На 16 Септември 2019 година папата Фрањо го прими во аудиенција претседателот на Малта, Георге Вела, кој потоа се состана со државниот секретар кардинал Пиетро Паролин и со монс. Антоан Камилери, подсекретар за односи со државите.

За време на разговорите, кои, според соопштението за печатот на прес службата на Светиот Престол, – поминале во срдечно расположение, изрзазено е задоволство од добрите односи меѓу Малта и Светиот Престол, додека соговорниците ја истакнаа и важноста на верските вредности во културата и животот на малтешкиот народ, и го потенцираа придонесот на Католичката Црква во областа на воспитувањето.

Во овој контекст, тие се осврнаа на некои од предизвиците со кои треба да се соочи таа земја, со посебен осврт на појавата на миграција во Европа, во која Црквата и Владата се силно ангажирани, како и за животната средина. На крајот, беа разменети мислења за некои ситуации во регионот, а особено за Медитеранот.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот