Египет: Црква посветена на 21 коптски маченик во Либија

Египет: Црква посветена на 21 коптски маченик во Либија

Црквата посветена на 21 коптски маченик за „верата и татковината“, обезглавени во Либија во 2015 година од страна на борците на самопрогласената Исламска држава, ќе биде официјално отворена на 15 февруари, денот кога ќе се слави нивниот литургиски спомен.

Црквата е изградена во Ал Ур, село во близина на Самалут, провинција Минја, од каде што потекнуваат 13 од 21 маченик. На официјалното отворање ќе присуствуваат многу роднини на мачениците. Сè уште не е потврдена можноста нивните посмртни останки да бидат преместени во новата црква, кои што беа пронајдени минатиот септември во заедничка гробница во близина на градот Сирт во Либија.

21 египетски христијани копти беа киднапирани во Либија во почетокот на 2015 година, а видеото со нивното обезглавување беше објавено од џихадистите на 15 февруари. Една недела по варварското убиство, коптскиот Патријарх Тавадор II објави дека егзекутираните христијани се вброени во светитците на Копската православна црква, а нивниот спомен ќе се слави на 8 амшир според коптскиот календар или на 15 февруари, кога се слави Сретение Господово.

Во 29 минутното видео со егзекуцијата се гледа како некои копти во моментот на обезглавувањето повторуваат „Господи Исус Христе“. „Името на Господ е последниот збор што го кажуваат“, изјави епископот на Гизех, Антони Азис Мина. Како што е во страдањето на мачениците, тие се доверуваат на рацете на Оној, кој наскоро ќе ги прими. На овој начин, тие ја слават својата победа, која не може никаква бесилка да им ја одземе. Името кое го шепотат во последниот момент е како печат на нивното мачеништво.“

РВ/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот