Духовна обнова за свештеници: Бог нè повикува на радост

Во понеделник 27 април во просториите на парохијата Свети Иван Крстител – Струмица се одржа духовна обнова за свештениците од Апостолскиот егзархат во Македонија. На средбата присуствуваше и Н.В.П. монс. Д-р Киро Стојанов, а предавањето го одржа о. Димитар Ташев, парох во црквата „Свети Петар и Павле“ – Гевгелија. Тој зборуваше на тема: „Бог нè повикува на радост“, кое се базираше на енцикликата на папата Фрањо „Евангелии Гаудиум“.

По плодната дискусија поврзана со предавањето, о. д-р Зоран И. Стојанов, кој заедно со о. Гоце престојуваа во Софија, го сподели искуството од средбата со свештениците од Апостолскиот егзархт во Бугарија, како и можноста за поголема соработка помеѓу свештениците и верниците од Македонија и Бугарија.

Средбата продолжи со света Исповед и света Литургија, а заврши со дружење и заедништво во парохиската куќа.

к.мк/го*ко

Категорија: Македонија

За авторот