Епископот Стојанов ги благослови новите камбани во Радово

Епископот Стојанов ги благослови новите камбани во Радово

Во недела 11 февруари 2024 година пред почетокот на светата Литургија во парохиската црква „Свети Пророк Илија“ Радово, Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монс. д-р Киро Стојанов ги благослови новите камбани. Покрај епископот на благословот присуствуваше и протојереј ставрофор отец д-р Зоран И. Стојанов, декан на Деканатот Свети Кирил и Методиј, ректор на светлиштето во Паљурци и директор на Македонски Каритас, отец Илија Стојанов, парох во Радово и капеланот отец Атанас Сирачев.

По повод осветувањето на новите камбани за црквата во Радово епископот Стојанов се обрати на присутните верници, зборувајќи накратко за историјата на настанокот на камбаните истакнувајќи дека ги повикувале верниците на молитва, да земат учество во Литургијата, ги навестувале големите настани, празниците, најавувале опасност и со звукот на камбаните се испраќале покојните (..). Кога свечено ќе се огласи камбаната тоа е знак дека нешто големо и важно се случува – рече монсињор Киро Стојанов.

Со чинот на благослов и осветување на камбаните тој истакна дека се предаваат во служба на Бога наведувајќи дека нивниот глас е повик на молитва и учество во Литургијата, а за оние пак кои кои не можат да бидат присутни им навестува на кој дел е Литургијата во моментот во црквата и додаде: „Нека ни ги навестуваат празниците, делењето на Светите Тајни, нека не повикуваат на молитва за починатите и нека со нас ги оплакуваат нашите покојни.“

Понатаму епископот Стојанов искажа благодарност до оние кои даруваа за новите камбани и рече дека со овој чин на осветување камбаните стануваат сопственост на Црквата, истакнувајќи дека се наши, на Црквата, набавени со донација на оваа парохиска заедница и на секој поединец кој се чувствува член на оваа Црква, но и на оние кои беа отворени за да даруваат на Црквата.

Во оваа прилика епископот Стојанов истакна благодарност и до организаторите околу набавката на камбаните, парохот отец Илија Стојанов, капеланот Атанас Сирачев, црковниот одбор, волонтерите, мајсторите, монтажерите и сите кои го дадоа својот придонес.

Своето обраќање владиката Стојанов го заврши упатувајќи благодарност на Господ Бог што црква повторно ќе биде гласна, збогатена со звукот на црковните ѕвона истакнувајќи дека камбаната секогаш повикува, порачува или најавува, молејќи од Господ милости да го посвети слухот за Божјата порака.

к.мк

повеќе фотографии

 

Категорија: Вести, Македонија

За авторот