Честитка на премиерот Заев за Божик

Честитка на премиерот Заев за Божик

Премиерот во заминување Зоран Заев по повод празникот Рождество Христово упати честитка до бискупот Стојанов, припадниците на Католичката црква, како и на сите православни и други христијани коишто го слават Христовото раѓање според Грегоријанскиот календар.

Во неговата честитка објавена на неговиот ФБ профил стои: Денешниот ден, Христовото раѓање – Божиќ, е вечниот симбол на нашата надеж, дека Бог е со нас и дека преку вербата, можат да се пребродат и најтешките искушенија.

Ве повикувам да ги прифатиме пораките на празникот и да подадеме рака секому кому му е потребна помош, да даруваме безусловна љубов, да не заборавиме на добротворните дела, насмевката и радоста, оти само така сме корисни за нашето општество, за нашата држава.

На припадниците на Католичката црква, како и на сите православни и други христијани коишто го слават Христовото раѓање според Грегоријанскиот календар, им посакувам среќни празници.

Христос се роди! Среќен Божиќ!

Категорија: Вести, Македонија

За авторот