Генералниот секретаријат го одобри нацрт-работниот документ за претстојната седница на Епископската синода

Генералниот секретаријат го одобри нацрт-работниот документ за претстојната седница на Епископската синода

Редовниот совет на Генералниот секретаријат на Синодата го одобри „Instrumentum laboris“ (нацрт работен документ) за учесниците на првата седница на Епископската синода, како и методологијата на самото собрание.

Во атмосфера на големо братство обележана со моменти на молитва и лично размислување, Редовниот совет на Генералниот секретаријат на Синодата се состана оваа недела во Рим за да расправа за нацрт-работниот документот за претстојното Генерално собрание на Епископската синода.

Документот, кој треба да биде објавен на почетокот на јуни 2023 година, ќе биде водич за дискусиите на првиот состанок на Генералното собрание во октомври. Собранието ќе заседава и следната година за вториот дел од дискусијата.

За време на состанокот, членовите на Советот заедно со различни консултанти го разгледаа, дополнија и одобрија Instrumentum laboris, како и методологијата за претстојното собрание.

Духовна подготовка за Генералното собрание

Конкретно, учесниците разговараа и за духовните вежби за учесниците на Генералното собрание и за екуменското молитвено бдение Заедно 2023 („Together 2023“), кое ќе претходи на Генералното собрание. Иницијативата Заедно 2023 има за цел да ги собере младите претставници на различни Цркви и црковни заедници на моменти на славење и тишина додека го слушаат Божјото Слово.

Генералното собрание на Синодата  во континуитет ја следи првата, подготвителна фаза, која вклучуваше консултации со Божјиот народ во месните Цркви и подоцнежните фази на расудување.

Според Генералниот секретаријат, Instrumentum Laboris што ќе биде основата за работата за октомвриското Генерално собрание е резултат на процесот на слушање на сите нивоа на Црквата.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот