На 7 февруари директорот на Македонски Каритас дон Паво Шекерија во придружба на своите соработници го посети Транзитниот центар Табановце, каде се сретна со Горан Стојановски од ЦУК (Центар за управување со кризи), кој ја претстави работата на транзитниот центар од почетокот до денес. Стана збор и за моменталната работа на центарот, бројот на мигранти и движењета, како и за постојната соработка со Македонски Каритас. На средбата присуствуваа и претставници од канцеларијата на ЦРС (CRS – Catholic Relief Service) од Скопје, кој го запознаа директорот за активностите на ЦРС во Транзитниот центар Табановце.
После тоа следуваше разгледување на постојните облјекти и пријатна средба со вработените во кујната, кои делат храна на мигрантите, каде што има и вработена од страна на Македонски Каритас. Сите соговрници со задоволство ја нагласија меѓусебната соработка во често неизвесни и непредвидливи ситуации, како би се пристапило на мигрантите што похумано и подобро.
Истиот ден, директорот на Македонски Каритас се сретна и со секретарот на Црвен Крст на град Скопје, г-ѓа Сузана Тунева Пауновска, која го запозна дон Паво Шекерија со програмата и активностите на Црвенииот Крст. На средбата е искажано обострано задоволство за соработката, моментално за помош на мигрантите во Транзитниот центар во Табановце со делење на храна во тамошната кујна.
к.мк